„По 42-ри пат, од утре до 24-ти овој месец во Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019“, на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.
Како што информира организаторот на манифестацијата – Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје, екипите составени од по десетина деца со свој ментор ќе бидат сместени во хотелот „Славија“-ЕЛЕМ. Тие со потребните алатки ќе ја градат своја склулптура и ќе ја прикажат својата креативност и умешност.
„Децата кои учествуваат на снежен град користејќи ја својата фантазија, се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, велет од Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје.






