Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Олаф Шолц отвори профил на ТикТок: „Нема да танцувам. Ветувам.“
СВЕТ

Олаф Шолц отвори профил на ТикТок: „Нема да танцувам. Ветувам.“

април 11, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот (8.04) отвори профил на ТикТок (@teambundeskanzler). Првото прикачено видео нуди поглед на неговата канцеларија со стаклени прозорци, а камерата потоа се движи за да го покаже канцеларот како седи на неговата маса.

За отворањето на профил на ТикТок, Шолц објави вест на платформата X, поранешен Твитер, каде напиша: „Нема да танцувам. Ветувам.“

Портпаролот на канцеларот Штефен Хебештрајт вели дека каналот на ТикТок на Олаф Шолц ќе има за цел да им понуди повеќе информации на граѓаните „кои сè почесто го користат ТикТок за да дознаат повеќе за политиката и да разговараат за тоа“.

Профилот на канцеларот исто така ќе понуди „поглед зад кулисите на секојдневниот живот на владата“.

„Треба да бидеме таму каде што граѓаните одат за да добијат информации“, вели портпаролот, истакнувајќи дека отворањето на профилот „случајно“ се случило неколку дена пред посетата на Шолц на Кина овој викенд (13.04-15.04).

ТикТок под лупа
Исто така, се нагласува дека профилот на ТикТок на Олаф Шолц нема да се администрира од ниту еден компјутер во канцеларијата на канцеларот, поради загриженоста во врска со заштитата на податоците на оваа кинеската социјална мрежа.

ТикТок, многу популарната апликација во кинеска сопственост, се најде под зголемен притисок поради наводите дека претставува закана за националната безбедност. Претставничкиот дом на САД минатиот месец гласаше за усвојување на нацрт-закон со кој може да се забрани ТикТок освен ако нејзината матична компанија со седиште во Кина, BiteDance, не го продаде својот удел.

Неколку европски земји, како Естонија и Норвешка,ја забранија употребата на апликацијата на компјутерите што ги користат државните службеници. Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ исто така им забранија на нивните службеници да ја користат апликацијата на нивните службени телефони поради загриженоста за сајбер безбедноста.

ТикТок не е формално забранет во Германија
ТикТок не е формално забранет на уредите што ги користат германските владини претставници, но некои министерства воведоа технички ограничувања за да не може да се вчита апликацијата на уреди кои имаат пристап до чувствителни податоци.

Германското Министерство за здравство, на пример, има профил на ТикТок чија цел е да се спротивстави на теориите на заговор за „Ковид-19“, но таа се администрира исклучиво од уреди кои не се поврзани со серверите на Министерството.

Шолц патува во Кина
Тридневното патување на германскиот канцелар Олаф Шолц во Кина ќе започне на 13 април, објави неговиот портпарол Хебештрајт. Канцеларот ќе посети неколку градови, меѓу кои Шангај и Пекинг. Тој треба да се сретне и со кинескиот претседател Ши Џинпинг и премиерот Ли Чијанг во Пекинг.

Германија и Кина се големи и важни трговски партнери, но двете водечки светски економии се соочуваат со проблеми во последните месеци. Ова ќе биде второ патување на Шолц во Кина откако беше назначен за германски канцелар.

 

Извор: (DW)

актуелно олав шолц профил тик ток
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.