Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Олеснети критериумите за финансиска поддршка на стопанството, средствата достапни за над 4.000 фирми
Економија

Олеснети критериумите за финансиска поддршка на стопанството, средствата достапни за над 4.000 фирми

јули 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Се проширува опсегот на компании што можат да добијат финансиска поддршка од државата. Предвидените 75 милиони евра поддршка за стопанството со најновите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите им стојат на располагање на над 4.000 компании, од кои најголемиот дел се домашни.

Измените се донесени, правилниците се потпишани и треба утре да се објават во
Службен весник, а компаниите може да поднесуваат барање од понеделник.

Новите услови може да ги користат и компаниите што веќе имаат договори со претходниот закон.

Измените денеска на прес-конференција ги претставија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, според кои критериумите се транспарентни, јасни и без договорање и однапред познати, а кои се олеснети и овозможуваат повеќе компании да аплицираат.

„Измените се во насока на поголема поддршка на индустријата и економијата, а се опфаќаат фирми кои не беа опфатени првично со Законот. Со нив барање за финансиска поддршка може да поднесат компании од ИТ секторот, компании од преработувачката индустрија што не се опфатени со ИПАРД, а сакаат да направат индустриско производство. За финансиска поддршка може да поднесе барање и компанија од секторот трговија, но за да направи производствена дејност, како и од
градежниот сектор, но не за изградба на станови, туку за делот на производната активност“, информира вицепремиерот Анѓушев.

Тој истакна дека според податоците од Централниот регистар над 4.000 компании ги исполнуваат новите критериуми, но оти средства ќе добијат оние што ќе инвестираат.

Никој, појасни, нема да добие средства за нешто што во иднина ќе инвестира, туку само врз основа на реализирано.

Со измените на компаниите им е оставена можност да флуктуира бројот на вработени до пет отсто, а што според вицепремиерот произлегува од тоа што некои компании го губат стучниот кадар и не можат да најдат нов, како и поради купување нова технологија што е автоматизирана.

Изменетите критериуми може да ги користат и компании што веќе имаат потпишано договори за финансиска поддршка со анексирање, соопшти Анѓушев кој рече дека со законот досега биле опфатени 600 компании, а дека поддршка добиле над 300 компании, потпишани се 30-тина договори за изградба на производствени капацитети од кои 20 се во ТИРЗ а 10 надвор од зоните.

„Минатата година поддршката кон стопанството беше над 45 милиони евра, годинава таа е 70 милиони евра. Средства ќе има доволно за сите компании што ќе ги задоволат критериумите. Имаме и посебни средства за веќе склучените договори“, рече Анѓушев и додаде дека сите компании што минатата година потпишале договори ги добиле средствата заклучно со 25 декември.

Ги повика сите компании да поднесат барање и да ги искористат новите олеснети критериуми.

„Оние што веднаш ќе аплицираат ќе добијат договор до 15 октомври и до 15 ноември може да поднесат барање за исплата, а средствата на своите сметки ќе ги добијат на 25 ноември“, истакна Анѓушев.

Министерот за економија посочи дека компаниите што работат надвор од зоните може да поднесат барање до Агенцијата за инвестиции, а тие од зоните во ТИРЗ.

Измените се донесени и објавени во Службен весник, а министерот за економија соопшти дека веќе ги потпишал правилниците и оти очекува утре да бидат објавени во Службен весник.

критериуми стопанство финансиска поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ

ноември 5, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.