Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОН: Австралија мора да ја укине мерката задолжителен притворот за имигрантите
СВЕТ

ОН: Австралија мора да ја укине мерката задолжителен притворот за имигрантите

ноември 28, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комитетот против тортура на Обединетите нации ја повика Австралија да ја укине мерката за задолжителен притвор за сите илегални мигранти, особено практиката притворање малолетни лица и деца.

Во документот објавен во петокот Светската организација ја повика Канбера да ја измени легислативата односно да ја подигне возрасната граница за кривина одговорност, која во моментов предвидува кривичен прогон на малолетни лица со наполнети десет години.

Комитетот на ОН изрази загриженост што притворот се уште е задолжителна мерка за сите лица што илегално пристигнуваат на континентот, особено тоа што „законот не утврдува максимална должина на времетраењето во имиграциски притвор што резултира со долготрајни лишувања од слобода“.

Комитетот ја повика Австралија да ја укине целата легислатива што предвидува „задолжителен и временски неопределен притвор на лица што нелегално влегуваат на нејзината територија“, како и да не се притвораат малолетници и семејствата со деца поради нивниот мигрантиски статус.

Светската организација истовремено ја критикуваше практиката на австралиските власти барателите на азил да ги префрла во притворските единици на островот Науру и на Божиќните острови.

Комитетот сериозна загриженост изразува поради ниската возрасна граница со која се утврдува кривична одговорност за лица со навршени десет години, со барање таа да биде подигната како и да се прекине со практиката на изрекување мерка притвор во самица за малолетници.

Според извештајот на ОН, особено несразмерно имигрантските мерки се спроведуваат врз домородните лица и децата со попреченост.

Домородните луѓе во Австралија генерално се значително повеќе изложени на ризик да бидат затворени, така што околу 30 проценти од притворените во земјата се домородните лица иако тие претставуваат само 3,2 проценти од вкупната популација на контитентот, посочуваат од ОН.

Комитетот ја повика Канбера „да ги идентификува основните причини за преголемата застапеност на домородните луѓе во затворите и да ги ревидира регулативите.

Австралија актуелно имихгранти ОН притвор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.