Најновиот извештај на ОН наведува дека Северна Кореја испраќа опрема во Сирија која може да се користи за производство на хемиско оружје, нагласувајќи дека околу 40 непријавени пратки биле спроведени во периодот меѓу 2012 и 2017 година.
Во извештајот, кој допрва треба да биде објавен, се нагласува дека севернокорејски експерти за ракети биле забележани во сириските центри за производство на оружје.
Најновите обвинувања следуваат по новите извештаи за гасот хлорин што бил користен од сириските сили, што пак, сириската влада цврсто го негира.
Во меѓувреме почнува вториот ден од прекинот на огнот во сирискиот регион Источна Гута, чија цел е спроведување хуманитарна помош за оние што се најзагрозени, како и извлекување цивили од местото на нападите.







