Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш изјави денеска во Истанбул дека ОН ќе го разгледа планот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за распоредување на сириските бегалци кои моментно се во Турција, во зоната за безбедност во Сирија.
Ердоган му го претстави својот план на Гутереш којшто се наоѓа во неколкудневна посета на Турција.
„Гутереш инсистира на потребата на потребата за почитување на основните принципи на доброволно, сигурно и достоинствено враќање на бегалците во земјата од каде потекнуваат, а специјална екипа ќе ја разгледува ситуацијата на теренот“, се наведува во соопштението на ОН.
Турција треба да воспостави „зона на безбедност“ на североистокот на Сирија, на големо подрачје што е под нејзина контрола после офанзивата против курдките сили.
Турските власти наведуваат дека во таа зона би требало да бидат префрлени 3,6 милиони бегалци кои во 2011 година пребегаа во Турција, кога почна граѓанската војна во Сирија.







