Иако се рекламираат како поздрави опции, добар дел од црните чоколади содржат високи количини на кадмиум и олово, а најновото големо истражување на меѓународната организација „Конзумер рипорт“ (Consumer Report) откри дека дури 23 од 28 чоколади имаат тешки метали во нив, што е посебно загрижува.
Навистина, некои од нив може да се најдат и на домашниот пазар, но генерално, на листата на несигурни чпколади завршија цела низа примероци на добро познати и прилично скапи брендови како што се белгискиот „Годива“, „Херши“, „Лили“ и многу други.
За 23 од нив, тестот покажал дека е доволно да се изеде само 25 грама дневно и така во организмот да се внесат повисоки дози од пропишаните за барем еден од испитуваните метали, а пет од нив содржат повисоки нивоа од пропишаните за двата тешки метали. Станува збор за две чоколади од брендот „Тео“ (Theo), едното „Трејдер Џојс“ (Trader Joe’s), „Лили“ (Lily’s) и „Грин и Блек“ (Green & Black’s), додека темното чоколадо „Екселенс“ (Excellence) на Линдт, со 85 проценти какао, е едно од десетте со зголемено ниво на олово – има 166 проценти повеќе од законската граница, додека чоколадотосо 70 проценти какао има 116 проценти повисоки нивоа на кадмиум од пропишаните.
Експертите тврдат дека тоа е голема опасност за здравјето на луѓето, особено за децата, кај кои што внесувањето на тешки метали може да предизвика проблеми во развојот, да влијае на развојот на мозокот, па дури и да доведе до понизок коефициент на интелигенција.
Возрасните, пак, со долготрајна изложеност на тешки метали можат да развијат разни проблеми на нервниот систем, проблеми со бубрезите или репродуктивното здравје, посебно кога знаеме ја статистиката која вели дека 15 отсто од луѓето консумираат чоколадо секој ден.
Сепак, тестот откри пет темни чоколади кои претставуваат безбедна опција – два вида на брендот „Џирадели“ (Ghiradelli) со 72 односно 86 отсто какао, „Маст“ чоколадото со 80 отсто, „Таза“ со 70 и „Валрона“ (Valrhona) со 85 отсто какао.