Синоќа во околу 23 часот бил запален автомобилот на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец од Прилеп.
Локвенец вчера присуствуваше на потпишувањето на договорот за името со Грција.
А1он.мк пишува дека Локвенец утрово не сакал да го коментира настанот, но од МВР го потврдиле настанот.
“На 17.06.2018 година во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, пишува во билтенот на МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.







