Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Општините за новогодишното украсување потрошиле за 30 проценти повеќе пари од лани
Локално

Општините за новогодишното украсување потрошиле за 30 проценти повеќе пари од лани

февруари 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Локалните власти за новогодишното украсување за дочекот на 2019 година потрошиле околу 615 илјади евра, што е за 30 проценти повеќе од претходната година, покажува анализата направена од Центарот за граѓански комуникации.

За разлика од 2017 година кога улиците и плоштадите за Новата година ги краселе Град Скопје и 18 општини во вкупна вредност од 474 илјади евра, за дочекот на 2019 година тендери за украсување спровеле 26 општини и Град Скопје.

Околу 55 проценти од парите за новогодишно украсување се потрошени во Скопје и тоа од страна на општините Карпош, Аеродром, Чаир, Гази Баба, Бутел и Шуто Оризари. Само Град Скопје потрошил околу 260 илјади евра, што е за 33 проценти повеќе од 2017 година.

Според податоците од анализата, најголем дел од парите завршиле кај скопската фирма „Линк Медиа Плус“, што за два склучени договори со Град Скопје и со Општина Струмица добила над 300 илјади евра, а најмногу договори, вкупно 11 во вкупна вредност од 185 илјади евра, биле склучени со фирмата „Метал-Вет-Ел“ од Скопје. Договори со „Метал-ВетЕл“ склучиле скопската Општина Аеродром, Охрид, Куманово, Чаир, Радовиш и Гевгелија.

Во пресметката на трошоците за новогодишно украсување се вклучени тендерите на 27 единици на локалната самоуправа.

Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од четири години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок. Базата на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Јавно трошење за јавно добро“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

новогодишно украсување Општини потрошено
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Нестабилно време во Македонија

јуни 10, 2026

Јапонската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје

јуни 5, 2026

За првпат во Македонија, годинава ќе се полага три вида матура

јуни 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.