Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Орбан му помага на Груевски од три причини
Македонија

Орбан му помага на Груевски од три причини

ноември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Случајот Груевски сериозно го поткопува кредибилитетот на Унгарија во очите на парнерите од ЕУ и НАТО, оценува во својата анализа за „ЕУобсервер“, Петер Креко од унгарскиот институт „Политички капитал“.

Зошто Унгарија му даде азил на осуден политичар, кој работел против приклучување на Македонија во ЕУ и НАТО, ризикувајќи натамошно влошување на својата меѓународна репутација и што овој случај говори за унгарската надворешна политика, прашува на почетокот на својата анализа Петер Креко од институтот „Политички капитал“ во Будимпешта, по што дава кус преглед на бегството на Груевски и на образложението на унгарските власти, вклучително и унгарскиот премиер Виктор Орбан, за доделениот азил.

„Нема сомневање: оваа одлука е одлука на Орбан. И, таа може да има негативни дипломатски консеквенции. Стигнаа критики од ЕУ и НАТО и тоа може натамошно да го поткопа кредибилитетот на унгарската надворешна политика. Оваа одлука може да доведе до ескалација на тензиите помеѓу Вашингтон и Будимпешта, чии односи се далеку од розови. Исто така, потенцијалниот меѓународен скандал би можел да ги заслабне позициите на Унгарија во процедурата на санкционирање согласно Членот 7 во Европскиот совет, како и позициите во текот на преговорите за ЕУ-буџетот. Тоа води до прашањето: Зошто Орбан го презеде тој ризик?“, пишува Петер Креко за „ЕУобсервер“ и оценува дека за тоа може да има три причини, не вклучувајќи ги тука неоснованите теории на заговор кои се во оптек.

„Прво, Груевски за Орбан беше важен идеолошки сојузник, кој, на пример, го инспирираше за почеток на ‘Стоп Сорос’-кампањата и симбол на антимиграциската политика. Овој потег би можел да биде порака до неговите пријатели од Истокот дека тој е партнер од доверба: не за НАТО, туку за нив.

Второ, Орбан може да испраќа и порака до западните партнери. А, пораката гласи: ‘Не ми е грижа што зборувате’. По третата изборна победа со двотретинско мнозинство, Орбан би сакал да си го зголеми својот дипломатски простор за маневрирање и да им испрати порака на западните партнери дека тој си следи сопствени правила наместо да ги прифаќа правилата на другите. Унгарската одлука е јасна индикација дека Будимпешта не гледа потреба да се прилагодува ниту на интересите на Вашингтон ниту на оние на Брисел. Наместо тоа, Орбан сака да добие екстра влијание со преземање нетипични потези кои ги разбеснуваат сојузниците, со што би се зголемила важноста на Унгарија кога ќе се преговара за клучни прашања.

Трето, со овој потег Орбан би можел да им удоволи на важни играчи наИстокот.“
Потсетувајќи дека политиката на Унгарија кон Балканот во изминатите две декади се состоела од „поддршка на евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан“, Петер Креко оценува дека „давањето азил за осуден македонски политичар е јасен знак за промена на стратегијата на Унгарија, која продолжува да стреми кон Исток“: „Овој потег им служи само на интересите на Русија, земја која силно се спротивставува на какво било проширување на НАТО“, се вели во анализата.

На крајот, наведувајќи дека раширеното мислење за Орбанова Унгарија е дека „и покрај демократското назадување на земјата, Унгарија останува сојузник од доверба во ЕУ и НАТО и секогаш ја поддржува Алијансата во најкритичните моменти“, аналитичарот Креко потенцира дека таквото мислење било точно во првите години од враќањето на Орбан на власт во 2010 година, но дека „има сѐ повеќе и повеќе индикации оти ситуацијата се менува“.

Извор: ДВ

груевски ЕУ НАТО Орбан помош
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.