Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, ќе добие Голем крст – Орден за заслуги, највисоко признание во Германија, потврдија од кабинетот на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, по објавата на магазинот „Штерн“. Меркел беше канцелар од 2005 до 2021 година.
Досега ова одликување го добија само поранешните канцелари Конрад Аденауер и Хелмут Кол.
Сите тројца политичари се од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Награда со посебен дизајн ќе биде доделена во април, соопштија од претседателскиот кабинет.
Над оваа награда е само „Специјалниот Голем крст“ кој се доделува на секој германски претседател после стапувањето на должност, како и на шефови на странски држави.
Според магазинот „Штерн“, на церемонијата ќе бидат нејзиното семејство и бројни пријатели од политиката.
Покани се испратени до партиските колеги од ЦДУ, Томас де Мезиер и Питер Алтмаер, меѓу другите.
Таа го покани својот прв вицеканцелар од Социјалдемократската партија (СПД), портпаролот на нејзината влада и блиски соработници.
Никој од сегашното раководство на ЦДУ или од нејзината сестринска партија, баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) или деловно ориентираната Слободната демократска партија (ФДП), не е на списокот, пишува магазинот.
Поканети се и поранешниот источногермански активист за граѓански права, Рајнер Епелман, актерот Улрих Матес и поранешниот фудбалски тренер Јирген Клинсман.
(Фото: „Гети Имиџис“ / Карстен Коал)







