Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Бугарското претседавање со ЕУ е голема шанса за Република Македонија
Македонија

Османи: Бугарското претседавање со ЕУ е голема шанса за Република Македонија

јануари 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, по повод преземањето на претседателството со Европската Унија од страна на Република Бугарија, во Скопје оствари неформална средба со бугарскиот амбасадор, Иван Великов Петков.

„Претседавањето со Европската Унија од страна на Република Бугарија претставува голема чест за Република Бугарија, но и голема шанса за Република Македонија за остварување напредок за нашите европските интеграции“, изјави Османи.

Тој додаде дека тоа го потврдува и мотото под кое Република Бугарија ќе претседава со Европската Унија – „Обединети сме посилни“, со што, како што рече тој, и на симболичен начин се потврдува еден од клучните приоритети на бугарското претседателство – поддршка на процесот за проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.

„Бугарија ја сметаме за наш пријател, земја лобист за нашите европски аспирации, а нивното претседателство за историска шанса за остварување значаен напредок на патот кон Европската Унија. Македонија и Бугарија имаат многу повеќе заеднички работи што ги поврзуваат отколку работи што ги разделуваат“, изјави Османи.

Вицепремиерот Османи уште еднаш го повтори ставот дека следните шест месеци претставуваат исклучително важен период за Република Македонија, историска шанса за остварување напредок во евроинтегративните процеси, при што ги повтори очекувањата на Владата.

„Уште на почетокот на следниот месец ја очекуваме стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западен Балкан, најавена од претседателот на Комисијата, Жан Клод-Јункер, каде што очекуваме соодветно да бидат забележани нашите европски перспективи за 2025 година. Уште повеќе, очекуваме вонредна, а потоа и редовна, чиста и безусловна препорака од страна на Европската комисија за почеток на преговори за членство во Европската Унија. И сето тоа пред одржувањето на историскиот самит за проширување на Унијата во Софија, каде што очекуваме заклучоци со кои ќе се бетонира европската перспектива на Република Македонија и на целиот регион“, истакна Османи. Тој додаде дека и кон крајот на бугарското претседавање со Унијата, на Европскиот совет во јуни, очекува и на одлука од страна на Европскиот совет за почнување преговори за членство со Република Македонија.

актуелно бугарија влада ЕУ македонија Османи скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.