Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, ќе мора да се почека на политичка влада
Македонија

Османи: Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, ќе мора да се почека на политичка влада

август 11, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вестите од Бугарија не се охрабрувачки, продолжуваме со комуникација на ниво на МНР, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада за надминување на разликите и деблокада на евроитеграциите, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-За жал не се охрабрувачки вестите коишто доаѓаат од Бугарирја во делот на формирање на институциите, бидејќи како што често нагласувам очигледно тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање на решение за надминување на разликите коишто се причина за оваа непринципиелна блокада на нашата европска перспектива. Ние бевме во очекување дека овој втор обид ќе има инститиции за да можеме во тој политички дел да комуницираме и да изнаоѓаме решение. Меѓутоа независно од тоа комуникацијата помеѓу двете МНР-а продолжија и во изминатиот период, имаше директна комуникација на експерти од двете министерства коишто разговараа по однос на прашањата коишто беа отворени на последниот состанок во Софија и презентирани како можност за утврдување на патоказ за надминување на разликите. Се разбира тоа е колку да се одржи една комуникација на ниво на МНР за да не се создаде јаз којшто потоа потешко ќе може да се исполни, но очигледно дека потребно е формирање на политичка влада, политички институции за да може да се најде решение, рече Османи на новинарско прашање.

Тој потврди дека ние сме спремни да продолжиме со разговорот, продолжуваме со реформите внатре во делот на европската интеграција и сме во очекување на предвидливост во Бугарија за да можат да продолжат политичките разговори. Омани го посочи претстојниот Самитот на ЕУ на 6 октомври во рамки на словенечкото претседателство, како една исклучителна можност да се круниса успехот и да се даде сериозна порака кон Западен Балкан дека овојпат персективата се враќа на својот колосек, меѓутоа, додава, сепак сме во очекување на тоа што се случува во Бугарија. 

 –Јас цело време бев на ставот дека политичка влада не е неопходна за да се донесе одлука за започнување на преговори, бидејќи политичката одлука за истата е веќе донеснеа. Донсена е во март 2020 година со согласност и на Република Бугарија. И првата меѓувладина конференција требаше да биде само техничко исполнување на една политичка одлука и оттука се надевав дека може и техничка влада да ја донесе односно службена влада да ја донесе таа одлука. Меѓутоа очигледно тоа се покажа како неможно дека сепак ситуацијата во Бугарија е до тој степен да одлуката не може да се донесе без да се формираат институциите. Така да, сигурно дека овие вести коишто доаѓаат од таму не се охрабрувачки по однос на прашањето, меѓутоа ние продолжуваме, ќе продлжиме да комуницираме како што комунициравме претходните денови на ниво на експерти со МНР и со техничката влада таму ибедувајќи дека не смее регионот и европската перспектива на регинот да биде заложник на внатрешните политички динамики на која било земја членка, вели Османи.

Тој информира дека и во услови кога европската перспектива на регионот не е во своите најблескави денови, земјава продолжува да ги испонува критериумите за членство.

-Да, исполнивме една важна одредница. Со вчерашниот ден, почнувајќи од септември минатата година односно со ппочетокот на овој мандат т.е. помалку од една година РСМ испорача точно 100 придружувања кон заедничката надворешна и безбедна политика на ЕУ вклучувајќи тука и рестрикции и санкции, со што вкупниот степен на усогласување со ЕУ за прв пат надминува 95 проценти со тенденција за стопроцентно усогласување кон европската надворешна и безбедносна политика… Во време кога и самата ЕУ не успева да обезбеди консензус за продолжување на нашите европски интеграции ние јасно покажуваме дека сме цврст и принципилен партнер и дека од аспект на нашата европска ориентација немаме дилема дека сме дел од Европа и припаѓаме во Унијата, вели шефот на дипломатијата.

актуелно бугарија Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.