Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
  • „Си-Ен-Ен“, „Ем-Ес НАУ“ и „Политико“ ја проширија тужбата поради ограничувањето на пристапот до Белата куќа
  • ГС на ОН повика на прекин на повеќедецениското американско економско ембарго кон Куба
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Владата ќе се фокусира на прашањето со името
Македонија

Османи: Владата ќе се фокусира на прашањето со името

август 15, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата во следниот период ќе се фокусира на прашањето на името со цел забрзување на евроинтеграциите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој нагласи дека и неговите посети денеска на Берлин и месецов на Атина, како и најавената посета на шефот на грчката дипломатија Коѕијас на Македонија на крајот на месецов, се во тој правец.

„ Ова прашање веќе станува приоритет на Владата. Ние завршивме две крупни прашања – прашањето на јазикот и на договорот со Бугарија. Сега имаме енергија да се фокусираме на прашањето на името. Очекуваме на тој пат да имаме што повеќе пријатели и затоа е целата активност на оваа Влада во комуникација со сите држави, но и со нашиот јужен сосед и со останатите соседи.

„Да ја искористиме оваа позитивна клима која што ја има во државата, во регионот, во Брисел, во земјите членки на ЕУ, да ги затвориме прашањата и да направиме суштинско прекршување во правец на евроинтеграциите – изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање пред денешната средба со амбасадорите на земјите од Западен Балкан.

Имајќи го предвид претседавањето на Бугарија со ЕУ кое почнува на 1 јануари, тој нагласи дека на средбите со бугарската министерка за надворешни работи веќе е разговарано за тоа Софија да организира состанок со земјите пријатели на Македонија и на амбасадорите во ЕУ каде земјата би ги претставила своите планови за реформи.

„ Многу е важно сите три земји кои ќе претседаваат со ЕУ во наредните три циклуси, почнувајќи од Бугарија, Австрија и Романија, имаат интереси во регионот и сакаат тој да не остане „црна дупка“ во ЕУ и НАТО и ќе го подигнат високо на агендата на нивното претседавање. За нас е многу важно да го искористиме тој момент кога фокусот на ЕУ ќе биде вратен и да испорачаме. Ако ние испорачаме се разбира дека и ЕУ ќе испорача – рече Османи.

Во однос на спроведувањето на итните реформски приоритети предвидени со Планот 3-6-9 тој изрази задоволство од динамиката на неговата реализација и покрај блокадата на работата на Собранието, бидејќи, вели, тие не опфаќаат измени на закони ниту системски решенија туку се мерки со кои се одредуваат правците како ќе се движат реформите.

„Во првиот месец се реализирани една третина од мерките, за неколку дена ќе излеземе со пресек за половина од периодот од три месеци. Ние сме задоволни од динамиката, од тоа како реагираат другите институции кои се независни од Владата, а кои имаат одредени надлежности во делот на спроведување на мерките и со сите нив како Секретаријат имавме координативни средби и секој ден се испорачува по некоја мерка – додаде Османи.

Инаку, Стратегија за проширување на ЕУ, добрососедските односи, Берлинскиот процес и регионалната соработка која произлегува од него, поефикасното користење на ИПА фондовите, размена на информации од заеднички интерес и меѓуграничната соработка се темите на денешниот работен појадок на кои ќе разговараат вицепремиерот за европски прашања и амбасадорите на земјите од Западен Балкан.

На средбата, иницирана од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), поканети се амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и на Србија и е прва од серијата предвидени редовни координативни состаноци со амбасадорите од регионов.

актуелно албанија Босна Влада на РМ ЕУ србија црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026

СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

октомври 29, 2026

ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.