Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи во ДИК: Фер и слободни избори еден од условите за позитивна одлука од ЕУ
Македонија

Османи во ДИК: Фер и слободни избори еден од условите за позитивна одлука од ЕУ

март 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претстојните претседателски избори треба да бидат фер и демократски, без и најмали забелешки кои би фрлиле темна сенка. Тие треба да бидат натпревар на кој ќе победи најдобриот.

Тоа ќе ги покаже зрелоста и демократскиот капацитет на државата, од што во голем дел ќе зависи и донесувањето на одлуката на Комисијата и земјите членки на ЕУ за почеток на преговорите за членство во Унијата, оценија вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

Државата, рече Османи по денешната средба во просториите на ДИК, е под лупа на земјите членки и на Комисијата дали има демократски капацитети да спроведе фер и коректни избори и мислам дека од впечатокот што ќе го дадеме за постоење на таквите капацитети многу ќе зависи каква ќе биде проценката во јуни.

„Јавно ги повикуваме сите чинители во изборниот процес, бидејќи ДИК е организатор, Владата ги обезбедува неопходните предуслови, но сепак секој чинител, секоја политичка парија, секој граѓанин треба да ја знае важноста на моментот во кој се одржуваат изборите. Важно е кој ќе биде претседател, но, уште поважно во овој процес е дали ќе имаме фер и демократски избори без најмали девијации, проблеми и забелешки, рече Османи.

Изборите, наведува Османи, се одржуваат во најдобар или во најлош момент за државата, бидејќи ќе завршат еден месец пред донесување на одлуката за преговори со ЕУ.

„Ако изборите се добри земјите членки полесно консензуално ќе ја донесат одлуката за почеток на преговори, а најлош е што и најмалата грешка ќе биде помножена со десет или со сто пати и ќе биде под лупа на земјите кои ќе ценат дали оваа здржавата има капацитет да влезе во нивното семејство, рече Османи.

Дерковски се согласува дека изборниот процес треба да помине без и најмали забелешки и оти тие како институција ќе направат се тоа да се реализира.

„ДИК е државен орган кој ќе направи се во рамки на надлежности да го организира овој процес на најдобар можен начин, но до сите чинители апелираме да внимаваат овој процес непречено да помине и да се фрли било каква дамка. Изборите се политички конкурентен натпревар во кој треба да победи подобриот, односно тој кој има подобра политичка платформа и програма, рече тој.

Во таа насока, рече, одат и информациите дека избирачкиот список е во ред и оти нема да има проблеми со него.

„Нема фантоми во Избирачкиот список, како што имавме навика да кажеме. Во него се запишани сите државјани кои се полнолетни и имаат право на глас, рече Дерковски.

Во рамки на јавниот увид во списокот, кој заврши денеска околу 60.000 граѓани направиле проверка дали се на списокот или не или пак за впишување одредени промени на личните податоци.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде се кривичните пријави за референдумот на избирачки места каде се сомневаше дека имало полнење на кутиите Дерковски потсети дека нив ги поднела политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и оти обинителството од ДИК побарало соодветни податоци и материјали, кои Комисијата им ги доставила. с

актуелно ДИК избори Османи слободни фер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.