Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи-Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот
Македонија

Османи-Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

мај 25, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот, порача Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи по средбата со првиот вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Белград.

„Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата. Овие важни теми, заедно со решавањето на безбедносните предизвици од климатските промени низ регионален пристап, се трите главни приоритети за Западен Балкан на нашето Претседателство со ОБСЕ. Тие се точки на поврзување, заеднички потфати, кои можат и треба да нè обединат сите“, рече Османи на средбата со Дачиќ.

Изразувајќи искрено сочувство за загубата на невините животи по немилите настани што ја погодија земјата, Османи во својство на Претседавач со најголемата регионална безбедносна организација, се фокусираше на актуелните предизвици и можности.

„ОБСЕ денеска се движи низ бурни води. Руската воена агресија против Украина ги урна основните принципи на ОБСЕ. Како Претседателство, работиме на обезбедување на поддршка за функционална и флексибилна Организација, нудејќи разновидни алатки со цел да помогнеме во обновувањето на мирот и безбедноста. Наша цел е да го вратиме дијалогот и да ја промовираме соработката“, истакна Османи.

Османи потенцираше дека состојбата во моментов бара колективно, одговорно одлучување, повеќе од било кога, како и задолжително зголемување на напорите за ефективен мултилатерализам, со цел воспоставување на мир и соработка. Тој изрази почит кон Мисијата на ОБСЕ во Србија, која обезбедува поддршка на државата во градење силни, независни, одговорни и ефикасни демократски институции.

„Показателите за нашата успешна соработка, меѓу другото, зборуваат за зајакнување на доброто владеење, борбата против корупцијата и поволни услови за работа на медиумите. Ги поддржуваме напорите за поттикнување на помирување во Регионот, иницијативите на граѓанското општество, поврзувањето на младите и зацврстување на улогата на жените. Недискриминацијата, меѓусебното разбирање и партиципативната демократија ќе придонесат за поголема регионалната стабилност и безбедност“, нагласи Османи.

Османи истакна дека дијалогот и конструктивна соработка треба да бидат императив, изразувајќи силна поддршка од ОБСЕ за дијалогот Белград-Приштина, посредуван од ЕУ. Во тој контекст упати на важноста на состанокот што се одржа во Охрид со што дополнително се отвори патот за нормализирање на односите.

Претседавачот со ОБСЕ Османи најави дека посетата на Србија ќе ја продолжи во духот на мотото на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“ и ќе оствари средби со претставници на граѓанскиот сектор, како и посета на теренската канцеларија на ОБСЕ во Бујановац, каде што ќе се сретне со млади луѓе од различни заедници со цел да ја нагласи клучната улога на младите во трансформацијата на општеството и градењето стабилна, инклузивна и просперитетна иднина за регионот.

актуелно дачик дијалог Османи соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.