Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: До последно ќе се прават напори за приближување на ставовите со Бугарија
Политика

Османи: До последно ќе се прават напори за приближување на ставовите со Бугарија

ноември 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска не откри кои иницијативи се прават или ќе се прават наредните три дена, за да се прибилижат ставовите со Бугарија и да се најде решение, но нагласи дека останува ставот оти нема да се откажеме од овој
процес до последниот момент.

Според министерот за надворешни работи Османи, постигнат е напредок во многу прашања, дури, како што посочи, 7-8 што биле сензитивни за едната или за другата страна.

„Се уште се пред нас уште три дена, ќе работиме до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е процес којшто е важен само за Република Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите земји членки на Унијата, пред се и за кредибилитетот на Унијата, но и за регионалната динамика“, изјави министерот Османи.

Додаде оти во изминатите три месеци имаше интензивна комуникација на сите можни
нивоа, не само во Скопје, туку и надвор, за постигнување заедничко решение со Бугарија.

Во моментот, истакна, немаме конкретна иницијатива, меѓутоа МНР ја подготви платформата за комуникација во овој период и ги создаде каналите.

Османи подвлече дека сепак одлуките ги носи државниот врв, Владата заедно со другите чинители.

Според шефот на дипломатијата, има простор да се објаснуваат прашањата како што е дека краткото име не претставува референца кон историскиот регион Македонија, туку кон државата Северна Македонија, и не е спорно дека краткото и долгото име на државата, рече, се реферираат на овие државни граници на Северна Македонија.

Прашањето за рехабилитацијата на жртвите од комунизмот, прашањето за немешање
во внатрешните работи на соседите, на економската соработка, создавање акциони планови за инфратруктурното поврзување помеѓу држави, се прашања за кои има простор да се разговара.

За овие прашања досега немало разговори, рече, но да оставиме овие три дена да видиме дали ќе се најде заеднички јазик.

„Мислам дека со тој начин се постигнуваат заеднички позиции, но не може да предвиди дали тоа ќе биде доволно за да се подолжи европскиот процес понатаму. Тоа сепак не зависи од нас, ние направивме и правиме се што е во наша моќ. Имаме одличен извештај на ЕК, оценети сме како најдобри кандидати во регионот“, изјави Османи.

Оцени дека никој не може да очекува оти во три дена ќе се надминат разликите што траат со децении помеѓу двете држави, туку, појасни, враќањето на довербата во процесот почнат во 2017 година дава резултат.

Османи рече дека не може да предвиди што ќе бидат одлуките на Советот за општи работи во вторник.

„Бидејќи во моментот нема договор, не можам да предвидам дали ќе има договор до вторник кога ќе се организира конференцијата“, рече Османи.

Не сакаше да ги коментира бугарските позиции и истакна дека нашите позиции се јасни, а целта е пријателство, добрососедство, меѓусебно  почитување, имплементација на одредбите и инструментите од договорот, гаранција дека овој дговорот е единствениот механизам за надминување на разликите.

Во однос на комисиите, потсети дека е утврдена агенда за наредните пет средби во текот на идната година, со тоа што една од тие средби би била уште оваа година во декември со одредени нови технички правила во функционирањето на Комисијата.

Османи изрази надеж дека оваа агенда ќе се реализира.

„Ние како и секогаш ги охрабруваме комисиите што почесто да се сретнуваат, да разговараат отворено врз основа на научни податоци, да најдат заеднички точки на спојување, бидејќи тоа е инструмент којшто произлегува од Договорот и јас мислам дека единствено решение се инструментите на Договорот и враќањето на довербата на двете страни дека Договорот е единствениот начин за надминување на разликите“, рече Османи на прес-конференцијата во МНР.

актуелно бугарија Османи ставови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.