Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи : Завршувањето на Коридорот 8 важен аспект за евроинтеграцијата на Македонија
Македонија

Османи : Завршувањето на Коридорот 8 важен аспект за евроинтеграцијата на Македонија

јули 28, 2023Updated:јули 28, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Шефот на дипломатијата Бујар Османи и министрите за надворешни работи на Италија, Бугарија и Албанија, Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка ја презентираа четиристраната иницијатива за заедничко поврзување и економски развој на регионите долж Коридорот 8.

Како што соопшти МНР, оваа политичка платформа ќе придонесе за севкупната соработка и зајакнување на безбедноста на регионот, а особено ќе влијае на ЕУ перспективата за целиот регион на Западен Балкан. Од состанокот, што вчера се одржа во Бриндизи, Италија, произлегоа шест заклучоци за насоката во која треба да се развива Иницијативата 8. Според еден од заклучоците, Коридорот 8 има стратешка вредност и неговото завршување, и на железничката и на патната траса, значително ќе придонесе за економскиот раст на регионот и за побрзо вклучување на Западен Балкан на единствениот пазар на ЕУ.

-Завршувањето на Коридорот 8 ќе биде многу важен аспект за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Оваа платформа за соработка помеѓу нашите земји треба исто така да се искористи за да се забрза нашиот процес и процесот на Албанија за пристапување во ЕУ. Покрај тоа, очекувам дека интеграцијата ќе даде опипливи резултати, пред сè во корист на граѓаните, пред полноправното членство, рече Османи на заедничката прес-конференција.

Министрите се согласија дека покрај економскиот развој, членството во ЕУ претставува и катализатор за надминување на билатералните или регионалните прашања и поттикнувањето на помирувањето.

Во актуелниот геополитички контекст „брзата имплементација на Коридорот 8 може да придонесе за стабилноста на регионот и да го ублажи малигното влијание од трети страни, хибридните закани, дезинформациите и неправилната миграција, се наведува во еден од заклучоците.

Воедно, во заклучоците стои дека „министрите нема да штедат напори“ за мобилизирање на дополнителна финансиска поддршка за Коридорот 8 и за промоција на инфраструктурните можности за приватниот сектор, граѓанското општество и локалната самоуправа.

Иницијативата што беше промовирана во Бриндизи ќе функционира во формат на политичка платформа за дијалог и соработка, а министрите се договорија да одржат втор министерски состанок во блиска иднина, како и бизнис форум со учество на компании од четирите држави.

Од МНР потсетуваат дека министерот Османи ја претстави Иницијативата 8 уште на почетокот на 2021 година како идеја за нова мултидисциплинарна платформа помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија преку која би се интензивирала и продлабочила меѓусебната соработка, како стратешки интерес за државите што се дел од иницијативата, стои во соопштението.

актуелно Евроинтеграции коридор 8 македонија Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.