Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Изборите важен параметар за зрелоста на институциите, нема простор за грешки
Македонија

Османи: Изборите важен параметар за зрелоста на институциите, нема простор за грешки

март 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија е подготвена денеска да почне со преговори, и во тој дел се исполнети сите услови. Меѓутоа, има многу непредвидливи моменти од сега па до јуни. Делумно се внатре, делумно се регионални, и тоа се повеќе во рамки на европскиот контекст и како ќе се одвиваат изборите таму.

Ова денеска го изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по средбата во Агенцијата за аудио визуелни медиумски услуги, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има средба со ВМРО-ДПМНЕ и Исламската верска заедница, како дел од препораките од Брисел дека претседателските избори се клучни за евроинтергациите и евентуален бојкот би можело да го загрози почетокот на преговорите.

„Изборите овде ќе бидат важен параметар да се одреди зрелоста на институциите дали се подготвени да започнат преговори и дали се спремни да се соочат со предизвикот на членство во ЕУ, и затоа го повторив ставот дека помалку важно ќе биде кој туку какви избори ќе имаме. Тука не смее да има простор за грешки, особено во периодот пред јуни, подвлече Османи.

Посочи дека во агендата на институционалните средби планира да се сретне и со ВМРО-ДПМНЕ како поголема политичка опозициска партија.

„Со верските заедници треба повнимателно да се однесуваме заради принципот во однос на Владата со верските заедници, но сметам дека и тоа е добра идеја во контекст на изборите да се направи средба и со нив, посочи вицепремиерот.

Османи, во врска со законот за попис, рече дека вчера во Владата ги усогласиле основните принципи за пописот што ќе се одржи во март 2020 година.

„Очекуваме тоа да помине денеска на Влада, бидејќи ќе треба уште некои технички детали на самата седница да се усогласат но сметам, дека ќе успееме денеска да го го усвоиме законот на владина седница, рече Османи.

Во однос на тоа дали на закажаната утрешна седница на Собранието, ќе има 61 пратеник за да повторно се изгласаат законите што претседателот Ѓорге Иванов не ги потпиша, Османи рече дека претседателот на Собранието сигурно го предвидел и тој момент и ги има информирано политичките партии дека ќе нема друга можност, бидејќи од 1 април Собранието нема да одржува седници.

„Иако не постои законска пречка за одржување седници во тек на кампања, туку тоа повеќе е волја на пратениците да нема седници во тој период, за да не се злоупотреби говорницата во функција на изборната кампања. Но ако се појави потреба или договор за било кое законско решение, или ако не се постигне бројка утре, мислам дека нема законска пречка Собранието да заседава и во тек на кампањата, оцени вицепремиерот.

актуелно зрелост избори институции
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.