Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Имаме добри односи во владеачката коалиција, Владата продолжува со својата работа
Македонија

Османи: Имаме добри односи во владеачката коалиција, Владата продолжува со својата работа

февруари 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Односите во владеачката коалиција се добри и Владата продолжува со својата работа, порача вицепремиерот и член на ДУИ Бујар Османи на новинарско прашање во врска со изјава на потпретседателот во СДСМ и пратеник  Мухамед Зекири дека е опција и доколку може Влада без ДУИ.

„Ние имаме добри односи помеѓу владејачката коалиција. И не гледам дека сега имаме потреба во Влада да се дефокусираме со вакви обиди што повеќе имаат за цел да ја оживеат дебатата низ социјалните мрежи отколку да одразуваат некоја динамика на односи меѓу двете политички партии. Владата продолжува со својата работа. Вчера до два ноќе имавме седница на Влада, носевме важни одлуки за земјата. Продолжуваме понатаму со реформската агенда бидејќи ова се историски мигови за земјата да добие датум за преговори што го чекаме веќе 18 години, изјави Османи на заедничката прес-конференција со француската министерка за европски прашања Натали Лоазо.

Во врска со тоа дали она што се случуваше во Парламентот со барањето за симнување на имунитетот на Трајко Вељаноски е поврзано со судбината на СЈО, односно дека на ДУИ не му одговара да продолжат со истраги бидејќи, како што беше речено, се вмешани и нивни функционери, Османи рече дека тоа е лажна вест и дека ДУИ дава апсолутна и целосна поддршка на СЈО.

„ДУИ е и единствената партија во Република Северна Македонија што има донесено одлука на претседателството и бара целосна истрага од домашни и меѓународни организации на сите функционери од 2002 до сега, бидејќи е време да се почне битката против лажните вести и пропаганда. Значи ДУИ е единствената партија и ги повикуваме и другите политички партии да го направат истиот повик до институциите да направат истрага на нивните функционери додека биле на власт, рече Османи.

Тој посочи дека за Нацрт законот за јавно обвинителство има само некоку членови што се однесуваат на СЈО, а во тој дел ДУИ рече, нема никаква разлика со СДСМ за тоа како треба да се реши судбината на Специјалното обвинителство, а тоа, е додаде, да се продолжи со целосно расветлување на сите истраги што произлегуваат од прислушуваните материјали и да се инкорпорира во ЈО бидејќи тоа беше препорака на експертите.

„Разликите одредени во текстот беа пред се во делот на правичната застапеност, како ќе се гарантира, како ќе се обезбеди, некои технички прашања што се усогласени во меѓувреме. Ние немаме апсолутно никаква разлика во тој закон и апсолутно лажна вест е дека тоа било предмет на некакви разлики. Ставот на ДУИ е тоа да се најде трјано решение и да се даде можност да се продолжат сите истраги до целосно рачистување, рече Османи.

Тој појасни дека предлогот што го даде Министерството за правда е СЈО да се инкорпорира како автономно одделение  во ЈО со цела автономија и во делот на буџетот и во делот на надлежносите и во делот на тоа што треба да покрие како антикорупциско обвинителство.

Очекува многу брзо законот за обвинителството да биде донесен затоа што роковите за испоорака треба да бидат до 18 март за сите законски решенија во делот на Планот 18.

влада добри односи дуи Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.