Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи и Димитров во Брисел се сретнаа со Хан
Македонија

Османи и Димитров во Брисел се сретнаа со Хан

ноември 13, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

За Македонија  2018 година претставува историска шанса кога сите коцки се наредени за да го направиме клучниот исчекор и конечно да го затвориме прашањето за НАТО и ЕУ, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Брисел со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на која учествуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Сите прашања поврзани со еропската агенда на Република Македонија беа отворени на средбата во Брисел, се наведува во соопштението на Секретаријатот за европско прашања (СЕП).

Според СЕП, Османи реферираше за посветеноста на Република Македонија на реформскиот процес, наведувајќи ги одржаните локани избори, чие успешно спроведување претставува круна на делот три од Планот 3-6-9.

Тој потенцираше дека по завршувањето на изборите реформите се повторно во фокусот на Владата чија интенција е во целост да ги инкорпорира во Планот 3-6-9 сите забелешки и барања од страна на меѓународните партнери и истиот во целост да го имплементира.

Тоа заедно со отстранувањето и на останатите политички пречки на патот на европските интеграции на Република Македонија, Османи очекува да резултира со конкретни чекори од страна на Унијата, но и на земјите членки, а во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија.

„Нашата намера е до крајот на оваа година да испорачаме солиден напредок во имплементацијата на реформите кој би ни обезбедил отстранување на условеноста на препораката, нешто што соодветно на испорачаните реформи, очекуваме да резултира со позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во април, следната година, истакна Османи.

Тој додаде дека соодветно на отстранувањето и на останатите, политички пречки за напредок во евроинтегративните процеси, како што се односите со соседите и внатрешните политички прашања, очекува и напредок од стана на Европскиот совет во јуни-јули, следната година, за кога се надева на одлука за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Османи го истакна новиот европски оптимизам кој владее во Република Македонија, оптимизам кој се забележува и во целиот регион, а кој е се поочигледен и кај поголемиот број земји-членки на ЕУ.

Во рамки на посетата, Османи и Димитров имаа работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, каде реферираа за напредокот во исполнувањето на обврските кои потекнуваат од евроитегративните процеси, а утре треба да имаат средба и со потпретседателката и висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини.

Во агендата на Османи има и обраќање пред независниот тинк-тенк институт, Европски центар за политика (ЕПЦ), на тема, „Планот 3-6-9: натамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ„

актуелно ЕУ македонија нато бујар османи Никола Димитров сеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.