Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Конгресот почна со процедурата за ратификација на протоколот за прием во НАТО
Македонија

Османи: Конгресот почна со процедурата за ратификација на протоколот за прием во НАТО

февруари 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој во рамки на престојот во Вашинготн вчера имаше средби во Конгресот, а денескa работно ги посети Стејт департментот и Белата куќа,  потврди дека во двата комитета за надворешна политика, на Сенатот и на Претставничкиот дом, била започната процедура за ратификација на протоколот за влез на Македонија во НАТО

„Ова е многу позитивни и невобичано брзо, што зборува за желбата и поддршката од САД за ратификација. Сега зависи како во самиот Конгрес ќе оди самата постапка, но процесот е започнат, изјави Османи.

Тој укажа дека нацрт-резолуцијата за поддршка на Преспанскиот договор подготвена од сенаторот Рон Џонсон, претседавач со Комитетот за домашна безбедност и владини прашања при Сенатот на САД, што идната недела оди на усвојување во Сенатот, треба да има позитивен ефект во охрабрување на забрзување на процесот за ратификација на протоколот.

„Резолуцијата ќе има позитивен ефект како овде така и кај другите земји членки на НАТО чии парламенти исто така треба да го ратификуваат приемот на Македонија, истакна Османи.

Вицепремиерот очекува зголемување на американските и другите странски инвестиции со приемот на Македонија во НАТО.

„Од осамостојувањето на Македонија до денес САД имаат инвестирано 637 милиони долари, најголем дел преку УСАИД, и друг дел преку директна поддршка во буџетот. Очекувам поддршката да продолжи. Членството во НАТО создава неопходна политичка и економска предвидливост со што странските директни инвеститори ќе се охрабрат да дојдат во Македонија следејќи го патот на другите земји, како Германија,рече Османи.

Според него, трговската размена само со Германија е 4 милијарди евра годишно, од коишто Македонија има суфицит, односно повеќе извезува отклку што увезува.

„Македонија има добра географска позиција и поволни услови за инвестиции, но тие се засилуваат со политичката и еконмската предвидливост што сега ја дава НАТО, додаде Османи.

Во врска имплементацијата на Планот 18,  рече дека февруари е крајниот рок кога Владата треба да спроведе најголем дел од реформите, посебно системските решенија.

„Бидејќи нашиот придонес во извештајот на Евроспката комисија треба да се испрати до 4 март. Дотогаш Собранието треба максимално да ги усвои законските решенија од Планот 18. Владата треба да ги имплемантира тие законски решенија, собирајќи конкретни примери за промените во општеството и однесувањето на државните службеници во судството, во јавната администрациа, во безбедносните службии, изјави вицепремиерот.

Укажа дека посебен успех е транспарентниот избор на Антикорупциската комисија, додавајќи дека е оптимист за тоа што во земјата е создадена позитивна клима и динамика.

„Посебно важно достигнување е изборот на Антикорупциска пред претседателските избори. Ова беше еден од клучните елементи на Планот 18 и е дополнително силен аргумент за одлуката за започнување на преговорите со ЕУ која се очекува да биде донесена на 21 јуни, истакна Османи.

Пред експерти и претставници од Стејт департменот и други невладини органзиации тој денеска учествуваше на тркалезната маса во Германскиот Маршалов фонд, каде имаше обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“.

актуелно конгрес процедура ратификација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.