Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Непочитувањето на мерките е резултат на лажните вести
Во Фокусот

Османи: Непочитувањето на мерките е резултат на лажните вести

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Најголемиот проблем во државата не е непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, туку лажните вести кои доминираат и кои ги надгласаа емпириските факти на институциите“, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Како што посочи, токму сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на овие лажни вестии и теории на заговор.

Османи, одговрајќи на новинарско прашање по денешната презентација на помошта од ЕУ за справување со Ковид-19, рече дека непочитувањето на мерките не е причина, туку последица на тоа што граѓаните ја загубиле вербата во вирусот и во ризикот што го носи.

Сето ова, според него, е резултат на лажните вести.

„Најголемиот проблем во моментов е тоа што доминираат лажните вести кои за жал успеаја да ги надгласат емпириските факти кои ги кажуваат институциите. Денеска имаме ситуации кога роднини се јавуваат по телефон да ургираме на Инфективна клиника да не ги ставаат родителите на респиратор, затоа што има уверување кај луѓето дека ако одат на Инфективна нема да излезат живи од таму, па затоа ги кријат симптомите и 33 проценти од хоспитализираните веќе стигаат доцба после осум до девет дена лекувани во домашни услови, затоа што некој проширил таква лажна вест дека на Инфективна се убиваат пациенти. Денеска има луѓе кои одбиваат да се тестираат, сметаат дека тоа е непотребно затоа што вирусот не постои“, рече Османи.

Тој потенцира дека сега е време Владата радикално и драстично да направи акција против изворите на лажни вести и да се разговара со луѓето на сите можни нивоа да ги отфрлат овие теории на заговор.

Појасни дека ова не го поткопува на научни податоци ниту пак претставува став на Владата.

„Ова веќе неколку денови се обидувам и во Владата да го потенцирам, меѓутоа и во јавноста. Јас сметам дека ако нас нешто не прави различни од другите земји по однос на овој пик, е фактот што успеаја лажните вести да ја искористат психолошката фрагилност на граѓаните од ова преголемо траење на ситуацијата за да можат да наметнат некои лажни идеи“, додаде Османи.

Посочи оти раговарал со новиот поглавар на Исламската верска заедница на кој што му укажал дека е недозволиво во овој период сите верски авторитети да не комуницираат со луѓето, за да ги отфрлат овие лажни теории на заговор дека вирусот не постои или дека не е опасен, а пријавување на лекар значи опасност по нивниот живот.

Токму сега е време, повтори Османи, за драстична борба против лажните вести.

актуелно лажни вести мерки Османи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.