Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНОСТИТЕ: Македонија одлучно во борбата со хибридните закани
Македонија

СПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНОСТИТЕ: Македонија одлучно во борбата со хибридните закани

октомври 27, 2023Updated:октомври 27, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Финска, заедно со директорката на Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани, Теја Тииликаинен, во Хелсинки го потпишаа Меморандумот за пристапување на Македонија кон Центарот, со што земјава стана 35-та земја учесничка.

Во своето обраќање, Османи истакна дека приклучувањето на Македонија се случува во исклучително значаен момент кога целиот свет, вклучително и нашата држава, се соочува со засилени хибридни напади.

“Приклучувањето на Северна Македонија кон Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани ќе одигра исклучително важна улога во градењето и јакнењето на националните капацитети за справување со овој тип предизвици. Истовремено, нашето учество ќе претставува додадена вредност, како за Центарот, така и за земјите учеснички кои се воедно членки на ЕУ и НАТО, поради можноста за наш придонес во размената на информации, искуства и најдобри практики, преку учеството на наши експерти во Центарот” – истакна Османи.

Воедно, Османи нагласи дека Македонија како земја-членка на НАТО, активно и континуирано работи на подобрување на превенцијата, одговорот и справување со заканите кон критичната инфраструктура и клучните ресурси од јавниот и приватниот сектор, во што има значајна поддршка и помош од сојузниците и земјите-партнери.

Истовремено, Центарот може да послужи и како платформа за засилена билатерална и мултилатерална соработка со земјите-учеснички од ЕУ, во сите сегменти и домени опфатени со неговите активности, што ќе биде значајно за процесот на нашата натамошна интеграција во ЕУ.

Европскиот центар за извонредност за справување со хибридни закани е основан под покровителство на ЕУ и НАТО во 2017 година, кој претставува независна меѓународна организација која вмрежува практиканти и експерти од земји членки на ЕУ и НАТО. Неговата мисија е да ја зајакне безбедноста на земјите-учеснички преку обезбедување експертиза и обуки, споделување на најдобрите практики, давање препораки, организирање вежби, како и тестирање на нови идеи и пристапи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Влада на РСМ)

актуелно европски македонија Османи Хелсинки центар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.