Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Три фактори диктираат дали ќе има деблокада за ЕУ во јуни
Македонија

Османи: Три фактори диктираат дали ќе има деблокада за ЕУ во јуни

јуни 1, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Колку има политички мандат во Бугарија да се донесе оваа одлука пред изборите, каде ќе биде Патоказот и која би била содржината на Патоказот – ова се трите суштински фактори. Нашиот пристап е дека сите карти се ставени за пробив во јуни, но овие три прашања ќе бидат клучни за исходот, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во интервју за „360 степени“, шефот на дипломатијата не крие дека Бугарија бара Патоказот да биде дел од формалниот преговарачки процес на Македонија, но вели дека на тоа се противат други земји членки на ЕУ, бидејќи евентуален преседан во македонскиот случај би можел да биде вовед во слични ситуации во иднина, во регион полн со билатерални спорови.

За заедничката посета на претседателите Стево Пендаровски и Румен Радев на Рим, смета дека е важен исчекор во создавање доверба и во нормализација на комуникацијата меѓу двете страни која, како што вели, очигледно беше влошена во изминатиот период. Таа средба, смета тој, имала симболика, но и суштина „зашто можеше отворено да се зборува за сите прашања и начини за надминување на блокадата“.

– Очигледно, единствено претседателот на Бугарија има целосен политички мандат, сите други институции имаат технички мандат поврзан со организирањето избори. Сепак, јас често велам дека техничката влада не е државна изборна комисија и може да донесе одлука за отворање на преговори, меѓутоа тука многу важен е претседателот Радев и оттука таа комуникација остварена во Рим беше многу важна и таа продолжува на сите нивоа – имаше комуникација меѓу премиерите, разменувавме одредени документи со министерот за надворешни работи, очекуваме наредните денови средба на премиерите и на министри и тука евентуално да се договори една динамика за искористување на овие 20 дена за да се најде решение – вели Османи во интервјуто.

На прашањето каква динамика се очекува – доаѓање до некаков документ за да се оствари пробив, шефот на дипломатијата одговара дека досега единствен е португалскиот предлог кој, вели „ние го оценивме како добра основа која ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, на бугарската и на земјите членки на ЕУ кои имаат важен влог во овој процес, при што централен е патоказот кој треба да даде една предвидлвивост во спроведувањето на Договорот за добрососедство“.

актуелно деблокада јуни Османи фактори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.