Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Османи: Уверен сум дека ќе добиеме одлука за почеток на преговори
Македонија

Османи: Уверен сум дека ќе добиеме одлука за почеток на преговори

мај 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Уверен сум дека оваа година земјава ќе влезе во втората фаза после дваесет години напори, и ќе започне преговори за пристапување со Европската Унија. Не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по симулацијата на состанок на Европскиот совет што ја организираа и изведоа студентите од Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје.

Според Османи, штетата е многу поголема да не се започнат, отколку да се започнат преговорите, дури и во случај на внатрешните дилеми и стравови што ги има во земјите-членки.

„Работиме со земјите-членки, со сите нивни дилеми што ги имаат во однос на проширувањето. А тие дилеми не се однесуваат на нас. Не може да се најде забелешка за работата на Северна Македонија во однос на исполнувањето на критериумите. Се обидуваме да им објасниме дека интересот за започнување на овој процес е многу поголем, и штетата е многу поголема да не се започнат, отколку да се започнат преговорите, дури и во случај на внатрешните дилеми и стравовите што ги има во земјите-членки. Така што јас сум оптимист и ве уверувам дека нема да оставиме непревртен камен и камче за да обезбедиме оваа држава да почне преговори годинава, истакна Османи.

Во однос на тоа дали ќе понесе политичка одговорност и ќе се повлече од Секретаријатот доколку земјава не добие одлука за почеток на преговори, Османи рече дека ова прашање е „многу поголемо од индивидуалната судбина на било кој човек дури и на целата Влада“.

„Ова е историско прашање за државата. Ги изодуваме последните чекори од еден дваесетгодишен маратон. И навистина не смее оваа тема да се деградира до ниво на прашање каде ќе биде некој функционер или некоја Влада. Ние зборуваме за тоа дали државата ќе влезе во втората фаза после дваесет години напори. Ве уверувам дека оваа година земјава ќе влезе во втората фаза и ќе започне преговори за пристапување со Европската Унија, посочи Османи.

На прашањето дали имал увид во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, за време на неговата посета на Брисел во петокот, Османи рече дека одлуката на ЕК е оти ќе го објави извештајот по изборите за Европарламентот.

„Таа одлука е намерно така за да не се отвори оваа дебата пред изборите. Ќе ја почитувам таа одлука на ЕУ и нема да ја отварам дебатата за извештајот и што содржи во извештајот пред тие избори, одговори Османи.

Во однос на постигнувањето договор за СЈО, Османи вели тука станува збор за два датуми, едниот е пожелен, а едниот неопходен.

„Пожелниот би било пред извештајот на ЕК, а неопходниот би бил пред одлуката на Советот на ЕУ. Работиме да ги искористиме овие денови максимално да се изнајде решение помеѓу политичките партии, а ако во некој разумен рок не се постигне таквиот договор треба да се продолжи комуникацијата меѓу пратениците, рече вицепремиерот.

Османи на симулираниот состанок, на кој Советот донесе одлука за доделување датум за почеток на преговори, ги бранеше образложенијата зошто на земјава треба да ѝ биде доделен датум за почеток на преговорите за членство во Европската Унија.

Истакна дека одлуката од страна на Советот со која на земјава и се доделува датум за почеток на преговорите со ЕУ, е потврда на целокупниот напредок, фер-однос и на Унијата и на земјите-членки кон сопствените ветувања, но истовремено и поттик и за останатите земји од регионот, дека е потребен искрен и автентичен напредок и дека истиот се цени и соодветно се валоризира.

За време на настанот Османи го претстави и проектот „Со европско знаење до европската престолнина“, конкурс наменет за студентите по општествени науки при државните универзитети, на кој преку учество со изработка на есеи, имаат можност да го покажат своето европско знаење, а најдобрите 12 ќе добијат шанса да ја почувствуваат атмосферата во Брисел, преку тридневна студиска посета на европската престолнина, каде што ќе имаат прилика да ги посетат клучните институции на ЕУ, како и да се запознаат со начинот на нивната работа.

актуелно одлука Османи почеток преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.