Проблеми во Белата куќа. Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис до претседателот Доналд Трамп напишал дека се повлекува за тој да може да има шеф на Пентагон чии ставови “подобро се согласуваат” со неговите.
“Затоа што имате право да имате министер за одбрана чии ставови подобро се согласуваат со вашите за оваа или онаа тема, сметам дека од мене е коректно да се повлечам од својата позиција”, навел Матис до Трамп.
Писмото со неговата оставка беше објавено кусо време откако Трамп на Твитер напиша дека секретарот за одбрана заминува кон крајот на февруари идната година.







