Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Остра реакција на Министерство за здравство до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги лажете луѓето!
Македонија

Остра реакција на Министерство за здравство до ВМРО-ДПМНЕ: Не ги лажете луѓето!

март 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за здравство најостро ги демантира и осудува пласирањата на лажните документи што опозицијата и медиуми блиски до неа ги прикажуваат дека, наводно, се составен дел од процесот за набавка на вакцини против Ковид -19.

„ВМРО ДПМНЕ свесно сака политички да профитира по цена да се наруши договорот за набавка на вакцини и по цена на здравјето на граѓаните. На помош на опозициската партија се и некои медиуми кои, единствено од за нив разбирливи причини, објавија таканаречен документ, кој е лажен, и на ниту еден начин не е поврзан со процесот за
набавка на вакцини, како што сакаат да и прикажат на јавноста“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Министерството реагира и на сумата наведена во документот, која некој сакал да ја прикаже како цена за купување на вакцини.

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ и медиуми блиски до нив сакаат да одржат во живот афера која не постои, сакаат да пласираат во јавноста криминал кој не постои, сакаат да спречат Владата и Министерството за здравство да купат вакцини против Ковид-19. И ВМРО ДПМНЕ и медиумите блиски до нив многу добро знаат дека процесите за набавка на вакцини се доверливи, посебно цените на вакцините. Тоа е глобална политика на сите производители. Но, и покрај тоа свесно се обидуваат преку лажни информации да наведат дека, од една доверлива постапка излегуваат податоци и документи во јавност. Уште еднаш Министерството за здравство демантира дека документот и сумата наведена во истиот се поврзани со набавка на вакцини. Потенцираме дека станува збор за лажен податок.“

Министерството за здравство се осврнува на работењето во „вмровско време“ кога, велат, провизиите кои во денешно време се дел од кривични постапки кои се во тек биле во преден план, а дека сите набавките, без исклучок, оделе преку „фантом фирми“.

„Го цениме истражувачкото и критичко новинарство, тоа е двигател на секое демократско општество, но го осудуваме пласирањето на лажни информации. За функционално демократско општество, подеднаква е одговорноста и на државните институции и на медиумите“, стои на крајот во соопштението.

актуелно вакцини вмро-дпмне здравство ковид провизија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.