Судија во претходна постапка во Основиот суд во Струмица му одреди мерка осумдневен притвор на градначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.
Осум дена притвор добија уште три други лица три лица, а на едно лице му е одземена патната исправа и треба еднаш неделно да се јавува во Судот во Струмица.
Стојчев и четворицата други осомничени за шверц на цигари мерката притвор ќе ја издржуваат во затворот во Прилеп.
Настанот се случи околу 19 часот во близина на див премин на границата меѓу Македонија и Бугарија, во близина на селото Бадилен, полицијата ги приведе петмината во обид за шверц на околу 3.300 штеки цигари цигари во вредност од 3.245.589 денари.
Основното јавно обвинителство во Струмица петмината ги товари за криумчарење, за кое кривично дело кое е предвидедена казна затвор од шест месеци до 5 години.







