Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отворањето ЕУ преговори со Македонија е приоритет на романското претседателство
Македонија

Отворањето ЕУ преговори со Македонија е приоритет на романското претседателство

јануари 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Романскиот министер за надворешни работи, Теодор Мелескану смета дека ЕУ треба да ја докаже својата посветеност кон Македонија и Албанија со дела и да почне преговори за членство со двете земји.

Мелескану ги презентираше приоритетите на романското претседателство со ЕУ за следните шест месеци пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Надворешната политика, проширувањето кон Западниот Балкан и односите со источните соседи се на врвот на списокот за Букурешт.

Во тој контекст, Мелескану потсети дека по ланското отворање на перспектива за датум за преговори со Македонија и Албанија, ЕУ сега треба на дело да ги покаже своите заложби кон овие земји и да ги започне преговорите со овие две земји. Тој изрази надеж дека ќе бидат вложени потребните напори за да се реализира оваа цел.

„Се наоѓаме во пресвртница на процесот на проширување кон Западниот Балкан, рече министерот потсетувајќи на ланската стратегија на Европската Комисија за проширувањето и на јунскиот Совет за општи работи кој додели условени датуми за преговори со Македонија и Албанија.

Се надеваме дека нашата поддршка заедно со одговорноста на нашите партнери во процесот и опипливи резултати  во реформите ќе создадат позитивна атмосфера за отворање на преговорите со ПЈРМ и Албанија, рече Мелескану.

Според дипломатски извори во ЕУ, Романија има намера да вложи посебни напори за да ги убеди земјите кои најтврдо за противат на отворањето преговори со Скопје и Тирана, како Франција и Холандија.

Мелескану додаде дека романското претседателство ќе продолжи да ги поддржува преговарачките процеси со Србија и Црна Гора и побара „посебно внимание“ од ЕУ за Босна и Херцеговина.

Романија сака да го стави фокусот на регионалната соработка на Западниот Балкан, и да се посвети на младите во регионот, рече министерот.

Турција, изјави Мелескану, останува стратешки партнер за ЕУ и комуникациските канали со оваа земја треба да останат отворени. Тој не спомена замрзнување или блокирање на преговорите со Анкара и потсети дека таа останува земја кандидат за членство во Унијата.

актуелно ЕУ македонија преговори романија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.