Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОТИДОА ПОДАЛЕКУ ОД БИЛО КОГА: Маневарот на Иранците го преплаши светот
СВЕТ

ОТИДОА ПОДАЛЕКУ ОД БИЛО КОГА: Маневарот на Иранците го преплаши светот

јануари 23, 2024Updated:јануари 23, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера го осуди Израел за масовно уништување и убивање на цивили во Газа.

„Израелските воени операции го проширија масовното уништување и предизвикаа смрт на цивили во размери без преседан откако јас сум генерален секретар.

Блискиот Исток е како кибрит“, рече Гутереш, и предупреди дека мора да се направи се за да се спречи разгорување на конфликти низ целиот регион.

„Одбивањето да се прифати решението за две држави е целосно неприфатливо“, посочи Гутереш, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му одговори на американскиот претседател, Џо Бајден, дека не прифаќа ниту една варијанта со палестинска држава.

„Скратувањето на правото на државност на Палестинците бесконечно ќе го продолжи конфликтот кој стана главна закана за глобалниот мир и безбедност“, истакна генералниот секретар на ОН.

Со 25.000 загинати Палестинци, одмаздата на Израел во Газа е сè посериозна закана за ширењето на војната. Спиралата на насилство опасно се забрзува, предупредува „Њујорк Тајмс“.

Само во изминатата недела, Иран истрела проектили врз Ирак, Сирија и Пакистан; Пакистан одговори со напад на иранска територија. Турција погоди курдски цели во северен Ирак и Сирија; Хамас истрела ракети врз Израел; Израел продолжи со нападите врз јужниот дел на Газа и ги нападна упориштата на Хезболах во јужен Либан. Јеменските Хути гаѓаа трговски бродови во Црвеното Море, а САД возвратија со седум рунди напади врз Хутите за 10 дена.

Некој особено смртоносен удар, несреќен случај или намерна провокација, може да доведе до неповратна ескалација, предупредуваат од „Њујорк Тајмс“.

За дополнителни тензии придонесе и веста дека Иран лансирал сателит во орбитата, сега подалеку од кога било.

Сателитот „Сораја“ беше лансиран во орбитата на околу 750 километри од Земјата со помош на тристепена ракета „Каем 100“, објави државната агенција ИРНА, како дел од цивилната вселенска програма на Иранската револуционерна гарда.

САД стравуваат дека сателитот е дел од програмата за развој на нови балистички ракети.

Американците непосредно пред лансирањето рекоа дека иранскиот сателит и пркоси на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и го повикаа Техеран да не презема ништо во врска со балистички ракети кои би можеле да носат нуклеарно полнење.

Санкциите на ОН поврзани со иранската програма за балистички ракети истекоа минатиот октомври, потсетува „Њујорк Тајмс“.

За време на претходниот, релативно умерен претседател, Хасан Рохани, Иран ја забави својата вселенска програма за да избегне нови тензии со Западот. Но, новиот претседател Ебрахим Раиси, штитеник на врховниот водач, ајатолахот Али Хаменеи, кој дојде на власт во 2021 година, повторно ги засили.

Американската разузнувачка заедница, во проценката за најголемите светски закани за 2023 година, предупреди дека развојот на лансирни постројки за сателити му помага на Иран да го скрати рокот за развој на интерконтинентална балистичка ракета, затоа што тие користат слична технологија.

Техеран има доволно збогатен ураниум за неколку нуклеарни бомби, доколку одлучи да ги произведе,  повеќе пати предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Иран тврди дека сè што прават во нуклеарната програма е исклучиво за цивилни цели.

Американците се загрижени затоа што во лансирањето на сателитот учествува Сепах, Иранската револуционерна гарда, која одговара само на ајатолахот Хамнеи.

Уште во 2020 година, гардата откри дека има вселенска програма. Во текот на изминатата деценија, Иран испрати неколку сателити во орбитата, а во 2013 година лансираше мајмун во вселената. Неодамна имаа пет неуспешни лансирања по ред на ракетата „Симорг“. Во декември во орбитата испратија капсула која може да носи животни.

Израелците истрелаа ракети кон Дамаск и притоа убија пет Иранци.

„Ќе се одмаздиме“, велат од Техеран.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека меѓу загинатите во саботата бил и Ајатолахот Омидвар, шеф на разузнавањето во Сирија за Кудс, странскиот огранок на Иранската револуционерна гарда, како и неговиот заменик.

Револуционерната гарда објави дека се убиени пет нејзини припадници кои биле во Сирија како воени советници, заедно со уште неколку Сиријци.

Сирија е близок сојузник на Иран и служи како канал за испорака на иранско оружје на групи како Хезболах, кои дејствуваат со иранска поддршка.

Генералот Омидвар, пишува весникот, ја надгледувал размената и собирањето разузнавачки информации со странски групи и ја координирал дистрибуцијата на оружје. Од почетокот на граѓанска војна во Сирија, Израел изврши стотици воздушни напади, главно насочени кон силите поддржани од Иран, како и позициите на сириската армија.

Израел со години води „војна во сенка“ со Иран, со тајни напади и целни убиства за да ги ослабне иранските сили и да ги уништи ланците за оружје на групи како Хезболах низ Блискиот Исток.

Израел ги засили нападите врз цели во Сирија од 7 октомври.

Нападот во кој загинаа припадници на Иранската револуционерна гарда во Дамаск, се случи неколку дена откако Иран истрела проектили врз „израелски шпионски центар“ во близина на американскиот конзулат во Ирбил, во северен Ирак.

Минатиот месец Израелците, во воздушен напад врз Дамаск, го убија генералот на Револуционерната гарда, Раза Мусави.

актуелно вселена Газа Израел Иран Пакистан Палестина сирија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.