Емили Гилберт, доктор на науки од областа на астрологијата, соработник во лабораторијата на НАСА во Јужна Калифорнија, и нејзините колеги открија нова егзопланета која претставува своевиден близнак на нашата Земја.
Планетата наречена ТОИ 700 Е, орбитира во рамки на зона погодна за живот на својата ѕвезда ТОИ 700, односно внатре во опсегот на растојание каде што течна вода може да се наоѓа на површината.
Светот е 95% од големината на Земјата и веројатно е карпест.
„Ова е еден од само неколкуте системи со повеќе помали планети во зоната погодна за живеење за која знаеме“, рече Емили Гилберт.
„Тоа го прави системот ТОИ 700 возбудлива перспектива за дополнително следење. Планетата e околу 10% помала од планетата ‘д’, а системот ни покажува и колку дополнителните набљудувања ни помагаат да најдеме помали и помали светови“, додаде научничката.
ТОИ 700 е мала, студена џуџеста ѕвезда од типот „М“, оддалечена околу 100 светлосни години од Земјата, во јужното соѕвездие Дорадо, додека на планетата ТОИ 700 Е и се потребни 28 дена да орбитира околу својата ѕвезда, и се наоѓа помеѓу планетите „ц“ и „д“ во таканаречената „оптимистичка“ зона, зона погодна за живеење.
Гилберт го претстави резултатот во име на својот тим, на 241-от состанок на Американското астрономско друштво во Сиетл, а трудот за новооткриената планета беше прифатен од реномирано списание (The Astrophysical Journal Letters).







