Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Отфрлена кривичната пријава на СМК против Заев и Димитров
Истраги

Отфрлена кривичната пријава на СМК против Заев и Димитров

февруари 20, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кривичната пријава поднесена од Светскиот македонски конгрес против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за повеќе кривични дела, меѓу кои за повреда на угледот на државата, велепредавство и загрозување на независноста е отфрлена од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Според подносителот на пријавата, пријавените делата ги извршиле склучувајќи ја Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Пријавата беше поднесена против лицата во својство на министер за надворешни работи и претседател на Владата и во неа се наведува дека тие сториле и кривични дела – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и Злоупотреба на службена положба и овластување за кои, согласно законската надлежност, претходно се произнесе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран
криминал и корупција, информираат од ЈОРМ.

По проучување на наводите во пријавата, се вели во соопштението, надлежниот јавен обвинител утврди дека во дејствијата на пријавените не се содржани битни елементи на наведените кривични дела.

„За да може водењето на преговорите за промена на името на државата во кривично-правна смисла да се смета за повреда на угледот на државата и излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците, потребно е кај пријавените да постои јасно утврдена намера насочена кон потсмев, омаловажување и обезвреднување на Републиката. Во Преамбулата на Спогодбата, двете страни потписнички се обврзуваат на почитување на начела, принципи и стандарди кои се меѓународно прифатени, а со цел решавање на разликите околу името и зацврстување на добрососедските односи. Притоа, намерата за исмејување, како посебен субјективен елемент на противправноста не е содржана во дејствата на пријавените, се вели во соопштението.

Кривичното дело – Велепредавство може да му се стави на товар на некое лице единствено ако со употреба на сила или сериозна закана се обиде да го измени уставниот поредок на државата или да ги собори највисоките државни органи. Во дејствијата на пријавените нема примена на сила, ниту сериозна закана како средство за изнудување определена одлука или поведение.

Кога станува збор за кривичното дело – Загрозување на независноста, пријавените при потпишувањето на Спогодбата, не биле ниту под влијание, ниту пак имале помош од државата кон која нашата земја би се довела во потчинетост или зависност, што се клучни елементи на битието на ова кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител, се вели во соопштението, констатираше дека во дејствијата на пријавените при потпишување на спогодбата не постои заговор за вршење велепредавство или други кривични дела, па со самото тоа не постојат ниту елементите на кривичното дело – Здружување заради непријателска дејност.

Во однос на кривичното дело – Несовесно работење во службата, потребно е од страна на службено лице да бидат преземени дејствија кои претставуваат повреда на законските прописи за судир на интереси или за совесно постапување при вршење дискреционо овластување, со пропуштање должен надзор, со што се прибавува корист за себе или друг или пак на друг ќе му биде нанесена штета. Во овој случај не може да стане збор за постоење намера за прибавување корист или нанесување штета, односно ваквите наводи во пријавата се базираат на претпоставки на пријавителот за кои нема можност за докажување.

Кривичното дело – Самовластие од член 392 став 1 од Кривичниот законик, пак, се гони по приватна тужба и за ова дело јавниот обвинител не е овластен тужител.

Имајќи ги предвид наведените факти, информираат од ЈОРМ, надлежниот јавен обвинител донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

актуелно димитров Заев кривична отфрлена смк
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.