На првиот ден од изборната кампања за локалните избори искршен е штабот на ВМРО-ДПМНЕ во скопска Кисела Вода.
Непознати сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на опозициската партија.
Од партијата го осудија инцидентот и се надеваат дека зад него не стојат политички опоненти.







