Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПАНИКА ВО КИНА: Пропадна еден од најголемите светски концерни, последиците може да бидат катастрофални!
Финансии

ПАНИКА ВО КИНА: Пропадна еден од најголемите светски концерни, последиците може да бидат катастрофални!

август 21, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градежниот концерн „Кантри Гарден“ не само што е најголем во овој сектор во Кина, туку е, според „Форбс“, 138-ма компанија по големина во целиот свет. Тој е за Кина од исклучителна економска важност: со оглед дека долго време цените на недвижностите енормно растеа, не само оние на кои им треба покрив над главата, туку и многу други веруваа дека најдобро е да се инвестираат пари во недвижности.

Градежниот сектор носи добри 30% од БДП на Кина, пишува Дојче веле.

Но тие времиња поминаа. Уште и пред пандемијата беше очигледно дека се гради премногу, а поради мерките против корона, целиот пазар со недвижности претрпе сериозни загуби.

Дури и откако заврши пандемијата, кинеската економија никако да фати замаф.

За многумина беше шок кога менаџментот на компанијата „Кантри Гарден“ минатата недела објави дека „поради помалиот обем на продажба во секторот за недвижности“, во првите шест месеци од оваа година ќе забележат загуба некаде помеѓу 6 и 7 милијарди американски долари.

Ова всушност не е прв случај: вториот по големина кинески градежен концерн „Евергранде“ пропадна во 2021 година, на почетокот на пандемијата со корона.

„Кога во Кина изби кризата околу ‘Евергранде’, луѓето се плашеа дека таа ќе ги погоди и другите градежни компании.

Но, не и ‘Кантри Гарден’, таа е многу помалку изложена на долгови отколку што беше ‘Евергранде’“, објаснува Алисиа Гарсија-Хереро, економистка за азискиот пазар на француската инвестициска куќа „НАТИКСИС“.

Едноставно кажано, „Евергранде“ водеше деловна политика на „снежна лавина“: проектите на кои работеше ги плаќаше со парите што ги добиваше од проектите кои требаше да ги направи.

Основачот на таа компанија, Ксу Џиаин, уште во 2019 година со лично богатство од 34 милијарди американски долари беше најбогатиот човек во Кина.

Но, на тој „синџир на среќа“ во короната му дојде крајот: На крајот на јуни во 2021 година „Евергранде“ призна дека должи неверојатни 246 милијарди евра.

Концернот „Кантри Гарден“ има значително поздрав систем на финансирање на своите градежни проекти, но има и јасна пресметка: „Без континуиран раст на цените на недвижностите, целиот модел на пазарот на недвижности не може да функционира, дури и компаниите како ‘Кантри Гарден’ немаат шанса“, објасни Гарсија-Хереро.

Дотолку повеќе што „Кантри Гарден“ на купувачите им вети „домување со пет ѕвезди“, и тоа не само на жителите на Пекинг или Шангај – каде цените на недвижностите сè уште некако се одржуваат, туку особено активен беше во помалите кинески градови.

„Разорниот ефект (колапсот на градежниот сектор) ќе биде посебно изразен во градовите од втор или трет ред по големина, особено во градовите каде економијата и онака паѓа, со се постарото население и масовното заминување на младите”, вели Меги Ху од Катедрата за пазари на недвижности и финансии на Кинескиот универзитет во Хонг Конг.

И официјалната статистика покажува дека во 35 помали градови во Кина, веќе 17 месеци цените на недвижностите постојано паѓаат.

А „Кантри Гарден“ има околу милион станови кои бараат купувач – и тешко дека некогаш ќе бидат продадени со заработка.

Тоа веќе го претчуствуваат и акционерите на „Кантри Гарден“: од овој јануари вредноста на нејзините акции падна за 75%, а после објавувањето на загубите цената на компанијата, која имаше речиси 125.000 вработени, сега изнесува само 9 евроценти.

Сега, единственото прашање е што ќе направи Пекинг: тој во никој случај не е задоволен од тоа што целата економија на земјата е далеку од растот каков што се очекуваше. И не само што тешко би го прифатил крајот на фирмата и правата армија невработени, туку пропаѓањето на „Кантри Гарден“ би значело и дефинитивен крај на политиката каде градежниот сектор беше еден од главните столбови на кинеската економија.

Експертите имаат различни мислења за тоа што би можел да направи Пекинг: некои се наклонети да веруваат дека фирмата „Кантри Гарден“ е „преголема за да пропадне“ и дека ќе има државна интервенција.

Ху, пак, од друга страна, смета дека државата можеби ќе им ги покрие загубите на банките и граѓаните, кои ќе ги претрпат од крахот, но и дека „Кантри Гарден“ може да стане минато.

Сепак, економистите знаат дека ова за Кина не е решение, бидејќи има примери во минатото.

Така, експлозија на цените на недвижностите беше забележана и во Јапонија во раните деведесетти.

Тогаш, просечен стан во Токио чинеше 15 годишни просечни плати – додека целиот пазар не доживеа катастрофа. Благодарение на полурешенија, тогаш во Јапонија настапија „години на анемичен раст“ – како што тие и денес се нарекуваат во учебниците по економија, а во Јапонија следната деценија се нарекува „изгубена“ за економијата.

Дали сега ова ќе се повтори и во Кина? Официјален Пекинг тоа секако не сака да го прифати, но лекот се уште не е на повидок.

актуелно Јапонија Кина недвижносто пандемија пекинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.