Маж нападна шест лица со нож утрово на париската железничка станица Гар ду Норд.
Медиумите објавија дека потоа полицаец пукал во осомничениот, нанесувајќи му полесна повреда, по што тој бил уапсен.
инцидентот се случил денеска во 6.45 часот на многу фреквентен терминал, а полицијата засега не знае кој е мотивот за нападот.

На местото на настанот пристигнале екипи на Итна медицинска помош кои ги згрижиле шесте повредени лица.
Едно лице има површна рана на клучната коска, додека другите пет се здобиле со полесни повреди.
Француската железничка компанија СНЦФ извести: „Безбедносната служба веднаш интервенирше и луѓето беа евакуирани.
Местото на инцидентот е блокирано, но станицата продолжува да работи нормално.“ Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, на Твитер, ја пофали реакцијата на полицајците. Тој напиша: „Еден човек повреди неколку луѓе утрово на Гаре ду Норд. Брзо беше неутрализиран. И благодарам на полицијата за ефективната и храбра реакција.“

(Фото: АФП)







