Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПАНИКА ШИРУМ ЕВРОПА: Нови руски закани за саботажи, безбедносните служби на нозе
Европа

ПАНИКА ШИРУМ ЕВРОПА: Нови руски закани за саботажи, безбедносните служби на нозе

мај 30, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По серијата мистериозни пожари и напади на инфраструктурата низ Европа, безбедносните служби го подигнаа нивото на будност поради опасноста од нови саботажи организирани од Кремљ.

Европските разузнавачки агенции ги предупредија своите влади дека Русија планира диверзантски операции низ Стариот континент, за да го дестабилизира Западот и да ја ослабне поддршката за Украина.

Загриженоста за хибридните руски напади стана толку голема што за ова прашање се расправаше на самитот на министрите за надворешни работи и за одбрана во Брисел оваа недела со холандски, естонски и литвански безбедносни претставници, кои предупредија на ранливост во инфраструктурните системи во земјите на Европската унија.

Холандската министерка за одбрана, Кајса Олонгрен, на состанокот во Брисел изјави дека Русија се обидува да ги заплаши земјите од НАТО, правејќи ги земјите-членки на Унијата ранливи.

„Да, ранливи сме. Мислам дека сите сме ранливи бидејќи имаме витална инфраструктура. Имаме инфраструктура на морското дно, имаме резерви на електрична енергија, резерви со вода, ранливи сме на сајбер напади. Сега во неколку европски земји гледаме дека Русија се обидува да не дестабилизира и заплаши. Мислам дека ова е начинот на кој Русија и Советскиот Сојуз оперираат низ поновата историја. Впрочем, во 75-те години на НАТО тоа често сме го гледале“, рече таа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, го впери прстот кон Москва.

„Уапсени се неколку лица кои се обвинети за подметнување пожар или саботажа низ Северноатлантскиот сојуз и сојузничките земји на НАТО. Гледаме дека е во тек зголемена активност на руската разузнавачка служба во целата Алијанса. Затоа ја зголемивме претпазливоста“, изјави неодамна Столтенберг.

На почетокот на мај, НАТО објави соопштение во кое се вели дека руската разузнавачка служба – ГРУ, извршила сајбер напади врз клучната инфраструктура во Германија, Чешка, Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

Овие држави се едни од најгласните критичари на Русија и се најлојални сојузници на Украина во Европа.

Се верува дека ГРУ на терен има 20 до 40 разузнавачи само за вакви операции.

Минатата недела полските власти уапсија девет лица поврзани со саботажи, кои, наводно, се извршени по налог на руските служби.

Злосторствата вклучувале претепувања, обиди за палење и палење, а истражителите сè уште истражуваат дали Русија е вмешана во пожарот во трговскиот центар во Варшава.

Слични инциденти се случија и на други места во Европа.

Во Велика Британија, двајца мажи беа обвинети дека запалиле магацин во кој имало помош наменета за Украина, наводно дејствувајќи во име на Русија.

Во Шведска, безбедносните служби истражуваат серија излетувања на воз од шините, сомневајќи се дека станува збор за руска саботажа.

Безбедносната служба на Естонија, пак, ги обвини руските оперативци за два напада, на автомобилот на министерот за внатрешни работи и на автомобил на новинар.

„Ангажирани се 10 лица да го нападнат автомобилот на нашиот министер за внатрешни работи и возилото на еден новинар. Тоа е нормално однесување на Русија. Жал ни е што мораме да го кажеме тоа, но треба да разбереме дека Русија е сè поагресивна кон европските земји, а исто така и кон земјите од НАТО“, изјави на самитот во Брисел естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур.

Минатиот месец двајца германско-руски државјани беа уапсени под сомнение дека планирале диверзантски напади, вклучително и напади врз воена база во Баварија.

Франција, исто така, предупреди за потенцијална руска саботажа на нејзини воени локации.

Претходно оваа недела, неколку училишта во Атина беа евакуирани после стасани закани за поставени бомби. Полицијата подоцна му влегла во трага на рускиот сервер и рече дека дојавата имала за цел „да го наруши јавниот ред и мир“.

Поради зголемените напади, земјите од ЕУ ги предупредуваат своите институции да бидат внимателни. Литванскиот Национален центар за управување со кризни ситуации, исто така, ги предупреди фирмите, вклучително и трговските центри и организациите кои ја поддржуваат Украина, да ја засилат будноста.

Холандскиот национален центар за безбедност и борба против тероризмот предупреди и на ризик од субверзивни операции во Холандија, вклучително и шпионажа и подготовка за саботажа на клучната инфраструктура.

Зголемувањето на обидите за саботажа се совпаѓа со поширокиот образец на руска агресија, вклучувајќи кампањи со дезинформации и хакирања.

Разузнавачките експерти предупредуваат дека Европа е во се поголема опасност од руски саботажи, кои имаат за цел да ги зголемат економските трошоци во западните земји, политичката дестабилизација и да ја намалат поддршката за Украина. Тие предупредуваат и дека ширум светот се активираат руските шпионски „ќелии со спијачи“, кои би можеле да предизвикаат дополнителни проблеми за стабилноста на Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Лешек Шумански / пап – профимедија)

актуелно Брисел Европа Кремљ напад НАТО Полска русија саботажа Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.