Со Владата на Заев се отвори прозорец на можности за решение и не треба да ја изгубиме шансата, вели потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на европратеничката група на Сириза, Димитрис Пападимулис, во интервју за грчката телевизија Скај.
„Не треба да ја изгубиме можноста да го решиме овој проблем. Сега со владата на Заев се отвори прозорец на можности. Тешкотии постојат, затоа овој проблем остана нерешен 25 години, и времето работи на товар на интересот на земјата. во наш национален интерес е да најдеме решение на ова прашање“, вели Пападимулис.
Тој смета дека со затворање на проблемот Грција ќе има и економска корист, особено во северниот дел на земјата, но и ќе може да се фокусира на проблемот со Турција.







