Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо, денеска изјави дека падот на наталитетот во Италија е „трагедија“ и предупреди дека намалениот број на родени деца е закана за иднината на оваа европска земја.
Бројот на родени во Италија минатата година достигна најниско ниво од обединувањето на нацијата во 1861 година, објави на почетокот на декември Националното биро за статистика. Стапката на наталитет на Апенинскиот полуостров паѓа веќе 12-та година по ред. „Демографската зима е вистинска грижа, барем овде во Италија“, рече папата во своето неделно обраќање пред „Базиликата на Свети Петар“.
„Се чини дека многу луѓе ја изгубиле желбата за деца. Многу парови претпочитаат да немаат деца или да имаат само едно дете… Тоа е трагедија, која е во спротивност со нашите семејства, нашата држава и нашата иднина“, рече Папата.
Минатата година во Италија се родиле 404.892 деца, за 15.192 помалку отколку во 2019 година, објави Заводот за статистика – ИСТАТ. Лани загинале 746.146 луѓе, а бројот на вкупното население падна на приближно 59,3 милиони.
ИСТАТ информира дека падот на наталитетот продолжи и оваа година, а пандемијата на Ковид-19 ја наведе како еден од факторите за тој пад.
(Фото: ЕПА)