Поради излевање на реката Сена во Париз денеска се затворени неколку патишта, а крстарењата по реката се откажани.
Според одлуката на градските власти, затворени се патиштата долж регот на Сена од источниот дел на градот кој води до Ајфеловата кула, затоа што нивото на водата е најмалку 3,3 метри над нормалниот водостој.
Метеоролозите предвидуваат дека нивото на водата во следните денови и понатаму ќе расте, пренесува АП.
Од утре на неколку денови ќе бидат затворени и шест железнички станици во близина на Сена.
Официјални лица предупредија и на ризик од поплави во источните области на Франција поради обилните врнежи на дожд во изминатите неколку недели.









