Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Париски „Ла Кроа“: Зоран Заев ја врати Северна Македонија во европското јато
Политика

Париски „Ла Кроа“: Зоран Заев ја врати Северна Македонија во европското јато

септември 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Францускиот дневен весник „Ла Кроа“ во денешното издание се осврнува на изборот на новата влада на Република Северна Македонија, преставувајќи го портретот на премиерот Зоран Заев, кој ќе ја предводи коалициската влада, јави дописникот на Франција.

„Зоран Заев не е трибу што пали толпи. Но, шефот на владата на Северна Македонија, повторно назначен од парламентот на 30 август, знае како да го управува својот брод“, пишува новинарката на „Ла Кроа“ Мари Вердие, инаку добар познавач на приликите во Македонија и воопшто на Балканот.

Наведува дека „на 45 години, Зоран Заев веќе остави трага во историјата, токму тој го смени името на својата земја, која стана Северна Македонија во 2018 година, и покрај идентитетсткото кршење на срцето на Македонците.

Така, тој стави крај на историскиот спор со соседна Грција, кој го труеше животот на поранешната југословенска република скоро триесет години.

Тој исто така ја закопа секирата со соседна Бугарија со потпишување договор за добрососедство во август 2017 година“, продолжува весникот.

„Тој одбива да биде заклучен во минатото и прашањата за идентитетот,
забележува Горан Секуловски, наставник на Институтот Свети Серж и во
Иналко. Додека националистичката опозиција на партијата ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски на власт десет години го
направи заштитен знак“, смета Секуловски.

„Повторно беше Зоран Заев, убеден Европеец, кој не без тешкотии доби зелено светло за отворање на преговорите за пристап во Европската унија во март 2020 година по петнаесет години чекање и шлаканица од Франција, која стави вето во октомври 2019 година пред да се предомисли“, пишува „Ла Кроа“.

Токму ова одбивање на Французите, се посочува во текстот, го поттикна Зоран Заев, кој беше на функција од април 2017 година, да поднесе оставка на 3 јануари 2020 година и да распише предвремени избори во
април.

Кои беа одложени поради пандемијата.

„Сите се прашуваа колку ќе го чини многу болната промена на името на земјата пред гласачките кутии. Општеството ќе остане поделено долго време, но националистичката опозиција, која е задоволува со нападите врз социјалдемократите, не успеа да се реформира себеси и немаше корист од тоа на изборен план“, анализира Горан Секуловски.

„Економистот, кој долго време беше градоначалник на Струмица на југо истокот од земјата и шеф на успешни бизниси–сега во рацете на неговиот брат- го стави својот прагматизам во служба на политиката. Тој беше во можност да ја смири вознемиреноста на неговите албански сојузници со кои веќе владееше од 2017 до почетокот на 2020 година. Али Ахмети, шеф на ДУИ, со тоа се откажа од барањето за албански премиер на Северна Македонија. Зоран Заев, сепак, направи значителни отстапки. Својата функција ќе ја предаде на припадник на албанското малцинство за период од 100 дена пред следните избори. Покрај тоа, во неговата влада има четворица Албанци, од кои тројца на стратешки позиции– вицепремиер (специјално создаден), финансии и надворешни работи. Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи и голем архитект на меѓународните договори, ги презема односите со ЕУ, продолжува со анализата весникот со демохристијанско убедување“, анализира „Ла Кроа“.

Опозицијата, наведува весникот, игра на влогот на ефемерна коалиција.

Но, Горан Секуловски потсетува дека Зоран Заев ги штити и држи своите сојузници. Тој сè уште ги има во свои раце снимките кои во 2015 година открија огромен скандал со незаконско прислушување на 20 000 Македонци, политичари, новинари, членови на невладини организации и слично, оркестрирани од Никола Груевски–кој е осуден за злоупотреба на власта во 2018 година пред да избега во Унгарија.

Протекоа многу ленти, но ништо за албанската партија, вели Горан Секуловски.

„Во оваа балканска земја која често римува со корупција, Зоран Заев
помина низ мрежата. Во 2008 година, додека беше градоначалник и
претприемач, тој беше обвинет за злоупотреба на власта и уапсен, а
потоа ослободен од тогашниот претседател на државата Бранко
Црвенковски“, го завршува париски „Ла Кроа“ портретот на Зоран
Заев.

„Ла Кроа“ актуелно европско јато Зоран Заев северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.