Во Унгарија на 3 април ќе се одржат парламентарни избори, најави вчера доцна попладнето претседателот Јанош Адер. Тоа го стори во соопштение објавено на неговата веб-страница.
Орбан бара четврти мандат
Премиерот Виктор Орбан, за кого изборите ќе бидат неизвесни, бара четврти мандат, откако е на власт од 2010 година. За прв пат ќе му се спротивстави здружена опозиција со единствен кандидат. Во анкетата на крајот на декември, здружената опозиција ја задржа предноста од три процентни поени пред партијата Фидеш на Орбан.
За прв пат откако по убедливата победа на изборите во 2010 година ја освои власта, 58-годишниот Орбанќе се соочи со обединети политички ривали, опозиција составена од Демократската коалиција, социјалистите, либералите и Јобик – поранешна крајна десница, а сега централно-десничарска партија.
(Фото: ДВ – Дојче Веле)







