Од СДСМ соопштија дека во 18:00 часот, во седиштето на СДСМ ќе се одржи работен состанок-средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.
Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да дојдеме до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.
Ова е прва ваква средба, а од СДСМ велат дека деновиве е предвидено консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.







