Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски на состанок на локалните групи за координација за недозволена трговија со оружје на земјите од Западен Балкан
Македонија

Спасовски на состанок на локалните групи за координација за недозволена трговија со оружје на земјите од Западен Балкан

октомври 18, 2018Updated:октомври 18, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Свесни за фактот дека употребата и достапноста на нелегалното оружје директно негативно влијае не само врз сеопштите трендови во разните области од криминалот, туку и може директно да влијае врз дестабилизација на самите општества, во изминативе години Република Македонија се фокусираше на градење на еден интегриран, системски пристап кон борбата против нелегалната трговија со оружје и експлозивни материјали во сите негови аспекти – едукативен, организационен, легислативен, и слично.

Притоа, посветено ангажирајќи се и во многуте меѓународни проекти, програми, иницијативи и  активности во сузбивањето на нелегалната трговија со оружје и експлозивни материјали, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето обраќање на состанокот на локалните групи за координација за недозволена трговија со оружје на земјите од Западен Балкан што се одржа во Скопје.

„Во изминатиот период Министерството за внатрешни работи како институција во чија што законска надлежност е справувањето со оваа проблематика, направи многу во стандардизацијата и имплементацијата на нормите, иницијативите, препораките по однос на воспоставувањето на квалитетни и ефикасни рамки за превенција, контрола, но и откривање на нелегалната трговија со мало и лесно оружје, муниција, експлозивни материи, градејќи кредибилен, одржлив и интегриран национален концепт на делување.

„Со цел унапредување на политиките и стандардите во оваа област, ние подготвивме и нова Национална стратегија за контрола на мало и лесно оружје која соодветно ги детерминира и дефинира новите трендови и предизвици, но и правците, односно приоритетите за дејствување притоа креирајќи еден координиран систем на меѓуинституционално делување на сите релевантни чинители, вклучително и граѓанскиот сектор, што ќе треба квалитетно, функционално и ефикасно да одговорат на сите зацртани задачи – рече Спасовски.

Спасовски ја потенцира нужната заедничка соработка која што треба да ја даде суштинската логистика во успешната контрола на малото и лесно оружје и спречување на нелегалната трговија со истото.

„Тоа партнерство треба да биде клучната алка во синџирот, не само од аспект на размена на искуства и знаења, туку и од аспект на конкретна оперативна размена на податоци и спроведување заеднички операции. Верувам дека денешниот состанок, односно идеите, иницијативите што ќе бидат изнесени или разгледувани   ќе дадат нов квалитет во насока на потесно и поефикасно заедничко делување – рече Спасовски.

актуелно балкан македонија скопје Спасовски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.