Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Патник од „Дурмо турс“: Не осетив кочење, возачот исправен правилно го држеше воланот
Судски процеси

Патник од „Дурмо турс“: Не осетив кочење, возачот исправен правилно го држеше воланот

октомври 31, 2019Updated:октомври 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Автобусот по тргнувањето од Скопје неколку пати запираше да земе патници, но по наплатната рампа кај село Глумово нагло сврте кон лево и без никакви знаци на кочење удри и ги проби заштитните огради без да го промени правецот. Возачот неколку пати разговарал на телефон, но правилно го држеше воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради изјави еден од повредените патници, на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16, а 37 лица беа потешко повредени.

На прашање од обвинителството Љуљзим Далипи рече дека често патувал со „Дурмо турс“ и имал добро возење се до несреќата на 13 февруари. Тој посочи дека и претходно имал патувано со обвинетиот возач на автобусот.

„Во 16 часот се качив на автобуска станица Скопје. Седнав на првиот ред од десната страна на автобусот. До мене седеше еден од сега починатите. Автобусот беше полн.

Најнормално се одвиваше возењето се до наплатната рампа кај село Глумово, рече сведокот Далипи.

За време на патувањето рече дека не приметил ништо чудно во однесувањето на возачот, но дека, како што се сеќава возачот неколку пати зборувал на телефон.

„По наплатната станица ги затворив очите да одморам. По пет минути почувствував нагло вртење и во тој момент ги отворив очите и инстинктивно се задржав и видов дека нешто не е во ред. Автобусот веќе беше свртен и накосен на лево. Почна паника и викање. Возачот, како што се сеќавам, правилно го држеше воланот и седеше исправено. Потоа автобусот удри во првата заштитна ограда, потоа во втората и продолжи на другата лента на автопатот, изјави сведокот.

Рече дека не приметил никакво забавување или кочење на автобусот.

„Не осетив кочење. Возачот исправен правилно го држеше воланот.

Видов дека со рацете цврсто го држи воланот цело време додека автобусот ги пробива заштитните огради и друго нешто не видов.

Автобусот се додека не удри во третата заштитна ограда не го промени правецот.

Потоа ништо не се сеќавам. Бев легнат на грб и викав за помош, изјави патникот.

На лекување во болница, рече сведокот, поминал околу 24 дена.

„Станува збор за 12 скршени ребра, внатрешно крварење и два скршени пршлени.

Најавувам оштета што ќе ја барам во граѓанска постапка, изјави повредениот патник.

На прашање од одбраната, патникот рече дека автобусот неколку пати запирал да собере патници и не се сеќава да чул возачот да се пожали на некаков проблем.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани уште седум оштетени сведоци.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно дурмо турс ласкарци судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.