Заменикот на премиерот и шеф на дипломатијата на Косово, Беџет Пацоли бара од Израел да ја признае косовската независност.
Како што пренесува порталот РТК, Пацоли во разговор со амбасадорот на Израел, Алон Фишер Кам рекол дека „Израел веќе доцни со таа одлука“.
„Сите израелски сојузници го признаа Косово и нема причина и Израел да не донесе таква одлука“, истакнал Пацоли.
Се наведува и дека Пацоли изразил заинтересираност да се отвори канцеларија на Косово во Израел, која би се занимавала со економски прашања, како и можноста да се организира заеднички економски форум.







