Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пацоли: Заев ја има почитта на целиот регион
Македонија

Пацоли: Заев ја има почитта на целиот регион

октомври 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев се сретна со министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, придружуван од владина делегација. Притоа, Пацоли пренесе поздрав до премиерот Заев од косовскиот премиер Рамуш Харадинај и оцени дека премиерот Заев со огромна вештина и достоинство воспоставил  општество за сите. Со тоа, како што рече косовскиот министер за надворешни работи Пацоли, премиерот Заев покажал како се почитуваат луѓето независно од  различноста и направил пресврт во односите и почитувањето помеѓу граѓаните во Македонија, за што ја има почитта на целиот регион и светот, вклучувајки ја и Република Косово.

„Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Република Косово, како и со сите соседи и со тоа активно да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската унија и во НАТО. Имаме потенцијал, како две нови влади коишто мислат добро за своите граѓани и своите држави, да направиме исчекори во евроинтеграциските процеси“, оцени премиерот Заев.

На средбата заеднички е констатирано дека  Македонија и Косово немаат отворени билатерални прашања, што отвора големи можности за унапредување на односите помеѓу двете држави. Се разговараше за конкретни области во коишто ќе се интензивира соработката помеѓу Македонија и Косово, како е економијата, енергетиката, инфраструктурата, царински олеснувања, поедноставен проток на луѓе и стока. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка, како и реализација на почести средби на високо владино ниво.

„Посветени сме како Влада, да го подобриме квалитетот на живот на нашите граѓани и да ги отвориме евроатлантските перспективи. Ќе ги преземеме сите потребни чекори за остварување на граѓанските и државните цели“,  додаде премиерот Заев.

Министерот Пацоли рече дека  Косово ја поддржува НАТО интеграцијата на  Македонија што ќе придонесе кон зацврстување на безбедноста и ќе влијае на перспективите за целиот регион, а изрази и отвореност за примена на искуства од Македонија во ЕУ интеграциите.

На средбата се разговараше и за можноста за реализација на средба на највисоко премиерско ниво.

актуелно Заев Пацоли средба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.