Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски: Во мојот мандат нема теоретски шанси да амнестирам криминалци
Македонија

Пендаровски: Во мојот мандат нема теоретски шанси да амнестирам криминалци

април 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во мојот мандат нема теоретска шанса да амнестирам криминалци кои сакаат да убиваа  други луѓе граѓани  на оваа земја, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на вечерашната трибина во општина Ѓорче Петров, осврнувајќи се на денешните информации  дека во претседателскиот Кабинет се пристигнати барања за помилувања за настаните од 27 април во Собранието.

Тој човек, наведе Пендаровски, осум години беше нем како риба за сите зулуми што ги правеше таа власт, а последните две години направи се ама буквално се да го закочи прогресот.

„Се тоа ќе биде поправено во првата недела од мојот мандат и ќе му биде вратено на народот она што му припаѓа, рече Пендаровски.

Многу сме блиску, посочи, до мнозинство кое  ќе овозможи понатамошен живот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  кое ќе продолжи да ги гони криминалците од тоа време бидејќи само мал дел од криминалите се истражени,  и кое, се разбира, ќе направи се  како официјален државен орган во рамки на регуларното обвинителство  тие пари да ги врати назад. Тие се наши заеднички пари  и не треба тие да ги држат кај себе, потенцира тој.

По поканата за членство во НАТО лани, посочи Пендаровски, државата   бележи најдобри економски показатели во последните 15 години.

„Ако трендовите продолжат со ова темпо  а може само да бидат подобри  верувајте дека оваа и следната година  ќе бидат најдобри економски години  од независноста  досега. Минатата година  во државата влегоа  625 милиони евра странски директни инвестиции  што не се случило ама во  ниту една година од 1991 до денес или преведено на друг јазик во 2018. имаме двојно странски инвестиции од која било економска година  на тн. „дрим тим“ на Никола Груевски, рече Пендаровски.

Тоа, забалежа, се резултати за почит и  сега е време навистина да се даде ветер во грб и  поддршка на 21 април и 5 мај како дополнителен легитимитет за успешно чекореење по исправниот и продуктивен пат на државата. Во тој контекст повика и на висока излезност на изборите.

„Навистина ни е неопходно да направиме голема политичка мобилизација и за првиот и вториот изборен круг. Ако не излеземе на гласачките места немојте да се чудите утре на изборниот резултат. Мораме повторно да излеземе и да им покажеме на сите кои не веруваат дека Македонија навистина има намера да биде успешна приказна. Ни треба висока излезност  и гласање за бројот 3 во двата круга, истакна Пендаровски.

Тој порача и дека единствениот начин да го намалиме драстично трендот на иселување на младите е час поскоро да се приклучиме во Европската унија. Во таа насока, посочи, првата врата и предуслов е членството во НАТО,  прво оди стабилизација и безбедност на државата а подоцна оди развојот и демократијата.

„Го направивме тој чекор, до крај на годината очекуваме да станеме полноправна членка на НАТО, посочи Пендаровски,  дополнувајќи дека  по решавање на отворените крупни политички прашања  следат и активности за подобар економски развој, стандард за граѓаните и нови работни места.

Нашата држава, потенцираше Пендаровски, е единствената на Западен Балкан која продуцира добри вести. Во време кога се уште на север од нас се разговара за промена на границите ние ја завршивме главната задача, влеговме под безбедносниот чадор на НАТО  и  сега можеме да размислуваме и за поинаква развојна агенда.

амнестирање криминалци мандат
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат

мај 22, 2026

Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали

мај 21, 2026

ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра

мај 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.