Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски е убеден дека ќе ги добие претседателските избори во вториот круг. Коментирајќи ги изјавите на опозицискиот лидер Мицкоски,
Пендаровски не демантираше дека во првиот круг може да губи и 100.000 разлика, но убеден е дека со гласовите кои ќе ги добие во вториот круг ќе стигне до победата.
„Како го коментира исходот на Претседателските избори во мај, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ
Сте забележале дека во сите изјави вели дека нивниот кандидат ќе води, 100.000 разлика, меѓутоа не кажува за вториот круг како ќе биде. Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг.
Не можеш да станеш со 7 кандидати претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат“ – вели Пендаровски во интервју за Сител додавајќи дека очекува реприза на претходните избори.
На претходните избори по првиот круг Пендаровски водше со нешто под 4.000 гласа разлика, а во вториот круг победи со помалку од 60.000 разлика.







