Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за лицата осудени за непочитување на ковид-мерките
Македонија

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за лицата осудени за непочитување на ковид-мерките

март 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од Кривичниот законик, за време на пандемијата од Ковид-19, паричната казна или казната затвор да им се замени со алтернативна мерка условна осуда, информираат од неговиот кабинет.

Согласно овој закон, лицата чија парична казна изнесува над 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор, ќе добијат условна осуда од три години, додека оние лица што чија парична казна изнесува до 1.000 евра или изречената казна им е заменета со казна затвор ќе добијат условна осуда од две години, рок во кој не смеат да сторат ново кривично дело.

По три, односно две години условна осуда ќе добијат и лицата што отплатиле дел од паричната казна над 1.000 и до 1.000 евра, со што се ослободуваат од плаќањето на останатиот дел од паричната казна, доколку не сторат ново кривично дело.

„Во периодот од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година се осудени 1.223 лица на парична казна од по 123.000 денари. Согласно законските прописи доколку во рок од 2 години изречените парични казни не се намират, судијата за извршување на санкции со решение ги заменува со казна затвор. Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено заменски решенија со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор, соопштуваат од кабинетот на шефот на државата.

Оттаму посочуваат дека потребата од уредување на оваа состојба е наметната од големиот број на вакви предмети во Основниот кривичен суд Скопје.

„За да се надмине ова состојба за оваа категорија на осудени за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик, парична казна, или заменета на парична казна со казна затвор, согласно одредбите од овој закон ќе се замени алтернативна мерка условна осуда, велат од кабинетот на Пендаровски.

Тие појаснуваат дека со законот не се предвидува амнестија за правни лица и одговорните лица во правни лица осудени со правосилна пресуда на парична казна, за кривичните дела од член 205 и член 206 од Кривичниот законик.

„Амнестијата постои и се применува во многу европски држави, а во нашата држава од моментот на нејзиното осамостојување донесени се повеќе закони за амнестија, потсетуваат од кабинетот.

Од таму истакнуваат дека преку амнестијата се овозможува на брз и ефикасен начин во одредени случаи да се исправат судските грешки.

„Корекцијата на судската одлука можат да ја налагаат и други државно-правни и општествено-политички причини, а не е реткост во една поинаква општествено-економска констелација, довчерашното општествено опасно дејствие да ги изгуби најсуштествените карактеристики и преку амнестијата најбрзо да се поништи осудата, истакнуваат од кабинетот на претседателот.

актуелно казни ковид-мерки пендаровски укинување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.